Стартува ли сериозна битка против корупцијата?
Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2017 07:29
Владата на Република Македонија ќе земе нов „залет“ во борбата со корупцијата со тоа што ќе се води според досегашните коруптивни случаи на државни функционери, но дали само тоа е доволно бидејќи во досегашната работа не беа претставени големи одлуки туку се чекаше на смена на Зрлевски кој беше посочуван како еден од главните виновници за проблемите во правосудството.
- Министрите во владата, ја разгледаа и усвоија информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2016 година. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии – Управа за јавни приходи. Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање и Министерството за информатичко општество и администрација, во рок од 7 дена до Министерството за правда да достават номинации за членови на Работната група за преглед и ажурирање на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на анти-корупциската политика, согласно препораките на Европската Комисија која врз основа на оваа статистика ќе се стекне со сознанија за справувањето со корупцијата во Република Македонија, соопштија од Владата.
Ако новото владино раководство се води само по статистичките податоци од последната година тогаш и нема голема надеж дека ќе видиме поактивни мерки за справување со овој проблем бидејќи во минатото за многу скандали воопшто и не беа покренувани постапки. Судството, како и надлежните институции за спроведување на политики за антикорупција беа под силно политичко влијание.Токму затоа потребен е поголем исчекор од обично прегледување на статистиките за добивање на „слика“ за состојбата со корупцијата и поодлучна државна политика која ќе ги надмине сите досегашни стеги, ќе овозможи формирање и функционирање на професионални правосудни тела и органи, ефикасна и натпартиска полиција, како и владини агенции и комисии кои ќе бидат независни и ќе делуваат во случаи на корупција со соодветни механизми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





