СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Јуни, 2020
Вечерва во 21 часот почнува 80 часовниот карантин за Скопје, Куманово, Тетово и Штип.
Враќањето на рестрикциите следуваат по зголемувањето на новодијагностицираните пациенти со коронавирусот.
Владата вчера донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро.
Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден.Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби.
Денес има нови 120 заразени со коронавирусот.
Неколку часа пред почеток на полицискиот час е забележан метеж во сообраќајот, но и гувжи во продавниците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.