06 Декември, 2025
0.0340

Стартуваат подготовките за изградба на Панорамското тркало во Скопје

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2014 14:15

Добивај вести на Viber

Градските власти почнаа со подготвките за изградба на Панорамското тркало на реката Вардар. На денешната седница на Град Скопје, советниците ќе дебатираат за одлуката за Изградба на пешачки мост со придружна содржина - панорамско тркало, во коритото на реката Вардар, на кеј Димитар Влахов (потег помеѓу Музеј на Македонската борба и зграда на МЕПСО). Со ваквата одлука Градот Скопје дава согласност и право на градење на инвеститорот - Јавното Сообраќајно Претпријатие - Скопје, под чија надлежност е изградбата и реализацијата на целиот проект. Од Градот образложуваат дека изградбата е согласно детален урбанистички план Мал Ринг, донесен од општина Центар-Скопје, во декември 2012 година. Според условите, инвеститорот односно ЈСП Скопје, е должен изградбата да ја изврши на своја сметка, и по изградбата да го стави во употреба објектот. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и ЈСП Скопје треба да склучат договор во кој детално ќе ги уредат правата и обврските во врска со изградбата на пешачки мост со придружна содржина-панорамско тркало. „Реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот и негово идентификување. Пешачкиот мост ќе придонесе за непречен проток на население кое гравитира од една кон друга страна на река Вардар, а придружната содржина – панорамско тркало ќе придонесе за атрактривност на просторот. Поради сето наведено, се предлага Советот на Град Скопје да ја усвои Одлуката за давање согласност и право за изградба на пешачки мост со придружна содржина-панорамско тркало, во корито на река Вардар, на кеј Димитар Влахов (потег помеѓу Музеј на Македонската борба и зграда на МЕПСО)“, стои во образложението од Градот Скопје. Според проектот, тркалото треба да биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, со дијаметар од 57 метри. Ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца. Идејното решение, со историски мотиви и гондоли, е дело на студиото „Масаби архитектс“ од Австрија, кои на јавноста и се познати и по идејните решенија за хотелот Мериот што се гради на плоштадот Македонија. Идејното решение предвидува целосно уредување на простор, кафе-бар, историски вагони од кој посетителите ќе имаат поглед на целиот на градот од 60 метри, поточно комплетниот изглед на тркалото како што тогаш објасни австриската компанија на својата интернет страница е инспириран од историските симболи за Македонија. Градот Скопје освен за изработката на изведбеното решение, е задолжен и за издавање на одобрението за градба. Соинвеститорот треба да го изгради тркалото заедно со придружните елементи и мостот и со него да стопанисува, да наплаќа билети од неговото функционирање и да го одржува во следните 35 години. Изградбата на Панорамското тркало првично беше во надлежност на Градот Скопје, а потоа градските власти со Одлука за измена на годишната Програма за работа со Инвестициона програма за ЈСП Скопје за 2013 година, во делот останати инвестиции го додаде и Проектот - Изградба на Панорамско тркало. На изградбата на Панорамското тркало на седниците постојано се водеа жолчни расправи, остро се спротистави претходниот состав советниците од опозицијата, кои побараа Градот да се откаже од овој проект, и наместо мост за Панромското тркало да гради други функционални мостови. Панорамското тркалото треба да биде готово до 2019 година. Во Буџетот на Град Скопје за 2014 година се предвидени близу половина милион евра за изработка на Проектот „Панорамско тркало“. Кон средината февруари годинава, фирмата „Бетон“ беше единствената која достави понуда за изградба на Панорамското тркало во Скопје. За изведба на проектот заедно со придружните елементи и мост бара 18,2 милиони евра со вклучен ДДВ. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија