20 Декември, 2025
0.0422

Стартуваше регионалниот проект “Balkan Marketing Network”

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2013 10:46

Добивај вести на Viber

Дел од водечките маркетинг портали во регионот – Marketing365 од Македонија и Marketing mreža од Србија, стартуваа со реализација на проектот "Balkan Marketing Network", кој има за цел афирмација на маркетинг и ПР индустријата, вмрежување и деловно поврзување на сите учесници на регионалниот пазар на комуникации. “Идејата на самиот проект е да допринесе за развојот на маркетинг и ПР индустријата во регионот како и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите. Исто така, преку заедничките проекти кои ќе ги организираме во иднина ќе се трудиме да поставиме нови повисоки стандарди во фелата и истовремено да промовираме позитивни регионални примери од праксата“ , изјави Борис Ефтимовски, основач и уредник на порталот Маркетинг365. “Balkan Marketing Network e природен продолжеток на соработката на нашите портали. Следејќи ја индустријата во претходните години, свативме дека на нашите соработници но и на самата индустрија треба да и понудиме нешто повеќе. Нема сомнеж дека само со заеднички снаги и со регионално вмрежување на сите учесници на пазарот можеме да ги подигнеме границите, да ги следиме светските трендови, да оддолееме на предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот, да развиваме здрава конкуренција а со тоа и да го унапредиме бизнис амбиентот и позицијата на фелата”, изјави Ивана Парчетиќ, основачот и уредник на порталот Маркетинг Мрежа. Иницијаторите на проектот “Balkan Marketing Network“ , веруваат дека ќе ја продолжат успешната соработка со агенциите, огласувачите и медиумите, како од Македонија и Србија, така и со тие од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора – како и со сите други кои сметаат дека ваквата соработка може да им овозможи поддршка и помош, кои веруваат во тоа што го работат, кои имаат што да покажат и кажат, а исто така и сакаат да дадат свој придонес пазарот во регионот да стане подобро место за правење бизнис и на крајот, како такво, да стане конкурентно на европско и светско ниво.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии