20 Јули, 2025
0.0333

РЕЦЕСИЈА: СТАТИСТИКА ИЗМЕРИ ПАД НА БДП И ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ - економијата во минус од 3,3 отсто

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020 14:23

Добивај вести на Viber

Домашната економија доживеа пад од 3,3 отсто во третиот квартал од годинава, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Ова следува откако во првото тримесечје бруто домашниот производ на земјава доживеал раст од само 0,9 отсто, додека, пак, во вториот квартал, кога ударот од кризата беше најголем, минусот во економијата изнесувал дури 14,9 отсто.

Кога два квартала едно по друго се бележи пад на економијата, тоа значи дека таа и официјално е влезена во рецесија. 

Како што е познато, првичните податоци на државните статистичари говореа дека БДП во вториот квартал паднал за 12,7 проценти, но сега тој показател е ревидиран и е уште полош од претходниот, а покажува дека во второто тримесечје сме имале негатива кај БДП од дури 14,9 отсто. Или, во месеците април, мај и јуни, домашната економија се струполила за близу 15 проценти. Овој пад не е забележан уште од 2001 година, кога нашата држава се соочи со воен конфликт.

Додека, пак, за првиот квартал од годинава, бројките беа полоши, а сега се ревидирани нагоре, на 0,9 отсто.

Со најновиот податок на Статистика, се гледа дека просечно во првите девет месеци од годинава, или во првите три квартали, домашната економија имала просечен пад од 5,8 проценти. 

Огромен пад во третиот квартал има кај рударството, за 10,4 отсто, потоа преработувачката индустрија се струполила за 9,1 отсто, додека, пак, кај трговијата има пад од 2,3 отсто. Уметноста, забавата и рекреацијата паднале за 6,6 отсто.

Во третото тримесечје најголем пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 5,2 отсто, додек, пак, градежништвото пораснало за 3,4 проценти, а дејноста информации и комуникации е во позитива од 3,3 отсто. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата во третото тримесечје номинално опаѓа за 1,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66 проценти. 

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 6,8 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3,2 проценти.

Институтот Finance Think вели дека падот на БДП на земјава во третиот квартал од 3,3 отсто е нешто помал од нивните априлски проекции, кои прогнозираа пад од 4,7 проценти. Ова, според нив, се должи на владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал. 

„Тоа се согледува и преку растот на јавната потрошувачка во овој квартал од 13,5 отсто, во услови кога домаќинствата продолжиле да бидат воздржани (пад на приватната потрошувачка од 4,1 отсто), а условите на трговијата продолжиле да бидат отежнати. На производната страна, во третиот квартал се забележува релативна консолидација, која е значајна кај најпогодените сектори: преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и хотелиерството, иако тие го продолжиле својот пад“, објаснуваат од институтот.  

„Врз основа на подобрите остварувања во третиот квартал и очекувањето за влошена активност во четвртиот квартал, во однос на проекциите од април 2020, Finance Think ја корегира проекцијата за падот на БДП во 2020 на минус 4,8 отсто, како и во четвртиот квартал од 2020 на минус 1,8 проценти. Под претпоставка дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на вториот квартал од 2021, што пак е одредено од брзината и ефикасноста на вакцинирањето против Ковид-19, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4,9 отсто“, соопшти овој институт. 

Инаку, Народна банка на Македонија денеска ги ревидираше своите проекции за пад на бруто-домашниот производ за годинава на 4,9 отсто, потенцирајќи дека тоа е заради продолжениот ефект од коронакризата, односно вториот бран, и нагласувајќи дека домашната економија ќе почне да закрепнува дури од 2022 година.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Еврокомесар шокиран од „Тему“: Производите се опасни!

Еврокомесар шокиран од „Тему“: Производите се опасни!

Финансиска полиција и ОЈО ќе ги чешлаат наводите за злоупотреби во универзитетот чиј сопственик беше синот на Мерко

Финансиска полиција и ОЈО ќе ги чешлаат наводите за злоупотреби во универзитетот чиј сопственик беше синот на Мерко

Етереумот може да вреди 15.000 долари на среден рок, а целта е 4.000 долари на краток рок

Етереумот може да вреди 15.000 долари на среден рок, а целта е 4.000 долари на краток рок

Еве кога се очекува САД да претрпат најголема штета од царините на Трамп

Еве кога се очекува САД да претрпат најголема штета од царините на Трамп

Мизрахи: Економијата ни е главен фокус, зголемуваме пензии и плати

Мизрахи: Економијата ни е главен фокус, зголемуваме пензии и плати

Трамп бара минимални царини од 15 до 20 отсто за увоз од ЕУ

Трамп бара минимални царини од 15 до 20 отсто за увоз од ЕУ

СДСМ: За три месеци, ЕСМ е во загуба од 45 милиони евра

СДСМ: За три месеци, ЕСМ е во загуба од 45 милиони евра

Зошто сите сакаат да работат во М-НАВ: Еве колкава била просечната плата лани

Зошто сите сакаат да работат во М-НАВ: Еве колкава била просечната плата лани

4iG на чекор да стане трет оператор: АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија

4iG на чекор да стане трет оператор: АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија