09 Ноември, 2024
0.0345

УШТЕ ПОЦРНИ ЕКОНОМСКИ ПРОГНОЗИ: Домашната економија годинава ќе се струполи за 4,9 проценти, закрепнување дури во 2022 година

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Домашната економија годинава ќе падне за 4,9 отсто. Ова е најновата ревидирана проекција на Народна банка на Македонија, откако таа во април очекуваше домашната економска активност да има негативна стапка на економски раст од 3,5 отсто, бидејќи тогаш се очекуваше пократкорочен карактер на здравствената криза предизвикана од ковид 19. 

Главна причина за ова, како што соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, е што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на ковид 19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, објасни Бежоска.
Според неа, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9 отсто годинава, и постепено закрепнување со интензитет од 3,9 отсто и 3,6 проценти во следните две години. 

„Со ова, направена е надолна ревизија на проекциите на растот во однос на април, што претставува последица на подолготрајноста на пандемијата и нејзиното влијание врз сите пунктови на економијата. Закрепнувањето на економската активност во 2021-2022 година се очекува да биде поддржано и од домашната побарувачка, во услови на стабилизирање на пазарот на труд, континуитет на кредитните текови, зголемување на довербата, како и натамошна фискална поддршка на потрошувачката, а особено на инвестициите. Воедно, импулс врз растот се очекува и од извозниот сегмент, којшто релативно брзо закрепнува, поддржан од брзото реактивирање на глобалните синџири на производство, а во следниот период и од закрепнувањето на странската побарувачка“, нагласи гувернерката.

Ќе паднат сите сегменти на БДП, освен јавната потрошувачка која е неопходна, односно државата мора да троши заради заштита на јавното здравје.

Бруто инвестициите ќе паднат за 13 отсто, бидејќи ќе се намалат и јавните, но и странските директни инвестиции.

Падот на економијата всушност ќе се случува во целиот свет, така што и ММФ го ревидираше падот на глобалната економска активност на 4,4 отсто за годинава.

Само 26 земји во светот ќе имаат годинава минимална стапка на раст.

Тоа значи дека за земјава ќе се намали странската побарувачка за нашите производи, и тоа за дури за 6,3 отсто, што е повисоко дури и од падот во 2008 година.

Најсериозна е состојбата со Германија, каде оди 50 отсто од нашиот извоз.

За 2021 година НБМ очекува раст од 3,9 отсто на домашната економија, што е исто помалку од претхпдните ограничувања.

Адекватноста на девизните резерви ќе бидат во сигурната зона. 

Инфлацијата и понатаму останува ниска и стабилна, иако повисока во однос на априлските оцени. Во просек, во 2020 година се очекува инфлација од 1,1 отсто, што е над априлските оцени од околу 0 проценти. 

„Овие отстапувања во голема мерка се одраз на ефектите врз понудата од синџирите на снабдување заради пандемијата, но и нејзините ефекти врз структурата на побарувачката. За 2021 година и 2022 година, тековните проекции се задржуваат непроменети и укажуваат на просечна инфлација од 1,5 и 2 отсто, во услови на постепено закрепнување на побарувачката и умерен раст на увозните цени. Високата неизвесност во поглед на идната динамика на берзанските цени на примарните производи и понатаму останува главен ризик фактор на проекцијата“, објаснуваат од НБМ.

Кредитната активност на банкарскиот систем и во период на криза продолжува да биде еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст

Ризиците околу проекциите и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на ковид-19. 

„Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното повторно воведување на строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како одговор на веќе актуелниот втор бран на пандемијата, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, побрзиот напредок во третманот на корона-вирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од корона-вирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, објасни гувернерката Бежоска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА СТАНУВА ЗЕМЈА НА АПСУРДОТ: Лебот сѐ поскап, експлодираше увозот на пекарски производи

ХРВАТСКА СТАНУВА ЗЕМЈА НА АПСУРДОТ: Лебот сѐ поскап, експлодираше увозот на пекарски производи

БОГАТИТЕ АМЕРИКАНЦИ СЀ ПОВЕЌЕ ИТААТ КОН ОВИЕ ЗЕМЈИ НА ЕВРОПА, ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ БАРАНИ - благосостојба или бегство

БОГАТИТЕ АМЕРИКАНЦИ СЀ ПОВЕЌЕ ИТААТ КОН ОВИЕ ЗЕМЈИ НА ЕВРОПА, ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ БАРАНИ - благосостојба или бегство

ИСПЛАТА НА БОНУСИ ВО ГЕРМАНИЈА: Кога работникот има право на нив, но и што да се прави ако работодавецот сака да го укине овој надомест

ИСПЛАТА НА БОНУСИ ВО ГЕРМАНИЈА: Кога работникот има право на нив, но и што да се прави ако работодавецот сака да го укине овој надомест

СО ГОДИНИ УСПЕШНО ГО ВОДИ СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС, НАЈМНОГУ МУ КОРИСТЕЛЕ СОВЕТИТЕ ОД НЕГОВИОТ ДЕДО - успешна бизнис приказна

СО ГОДИНИ УСПЕШНО ГО ВОДИ СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС, НАЈМНОГУ МУ КОРИСТЕЛЕ СОВЕТИТЕ ОД НЕГОВИОТ ДЕДО - успешна бизнис приказна

ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВМЕШАН ВО ГОЛЕМ СКАНДАЛ - кривични пријави за три лица, истрага на Финансиската полиција

ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВМЕШАН ВО ГОЛЕМ СКАНДАЛ - кривични пријави за три лица, истрага на Финансиската полиција

ТЕМУ СО НЕРЕАЛНО НИСКИ ЦЕНИ И АГРЕСИВЕН МАРКЕТИНГ ГИ ОСВОЈУВА ПАЗАРИТЕ НА САД И ЕУ - им запна во око на регулаторите

ТЕМУ СО НЕРЕАЛНО НИСКИ ЦЕНИ И АГРЕСИВЕН МАРКЕТИНГ ГИ ОСВОЈУВА ПАЗАРИТЕ НА САД И ЕУ - им запна во око на регулаторите

УПРАВУВАЧКИОТ АКЦИОНЕР ЈА КРЕДИТИРА ФЗЦ КУМАНОВО СО 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги деталите за дарежливиот газда

УПРАВУВАЧКИОТ АКЦИОНЕР ЈА КРЕДИТИРА ФЗЦ КУМАНОВО СО 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги деталите за дарежливиот газда

ОВА СЕ ТОП ПЕТ ЗАНИМАЊАТА КОИ НОСАТ НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТУВАЧКА ВО ГЕРМАНИЈА - не се тешки, но многумина ги избегнуваат

ОВА СЕ ТОП ПЕТ ЗАНИМАЊАТА КОИ НОСАТ НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТУВАЧКА ВО ГЕРМАНИЈА - не се тешки, но многумина ги избегнуваат

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРОТ ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Кој профитира, а кој губи

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРОТ ДЕЈАН ТРАЈКОВСКИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Кој профитира, а кој губи