Добивај вести на Viber
Во последниот квартал од минатата година најмногу слободни работни места имало во скопскиот регион - 2.304, покажуваат статистичките податоци. Од друга страна најмалку слободни места за работа има во североисточниот регион во земјава.
На пазарот на труд во земјава вкупната бројка на слободни работни места според податоците од Државниот завод за статистика изнесува 5.790 места, а бројот на пополнети работни места е речиси 100 пати поголема - 429.167.
Податоците покажуват дека најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија (2.011), трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила (1.157), јавна управа и одбрана, дејности на социјална и здравствена заштита. Најмалку слободни места има во секторот снабдување со електрична енергија, пареа и климатизација и во секторот рударство и вадење камен.
| Вкупно слободни работни места |
5 790 |
| Рударство и вадење на камен |
13 |
| Преработувачка индустрија |
2 011 |
| Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
10 |
| Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината |
115 |
| Градежништво |
181 |
| Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли |
1 157 |
| Транспорт и складирање |
257 |
| Објекти за сместување и сервисни дејности со храна |
294 |
| Информации и комуникации |
67 |
| Финансиски дејности и дејности на осигурување |
69 |
| Дејности во врска со недвижен имот |
22 |
| Стручни, научни и технички дејности |
83 |
| Административни и помошни услужни дејности |
132 |
| Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување |
439 |
| Образование |
324 |
| Дејности на здравствена и социјална заштита |
378 |
| Уметност, забава и рекреација |
195 |
| Други услужни дејности |
45 |
По занимања најголем број на слободни работни места, односно 1.357, има во групата на занимања - Работници во услужни дејности и продажба, елементарни занимања, ракувачи и составувачи на машини и постројки, службеници. Според податоците компаниите со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.56%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тромесечје од минатата година во земјава се барале 35 членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, директори, дипломати.
| Вкупно |
5 790 |
% |
| Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори |
35 |
0,6 |
| Стручњаци и научници |
510 |
8,8 |
| Техничари и сродни занимања |
670 |
11,6 |
| Службеници |
836 |
14,4 |
| Работници во услужни дејности и продажба |
1 357 |
23,4 |
| Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот |
81 |
1,4 |
| Занимања за неиндустриски начин на работа во производството |
277 |
4,8 |
| Ракувачи и составувачи на машини и постројки |
982 |
17,0 |
| Елементарни занимања |
1 036 |
17,9 |
| Воени занимања |
5 |
0,1 |
За едно работно место се борат 14 невработени лица
Според податоците од Агенцијата за вработување во земјава има над 224 илјади невработени, од кои 41,6 % се активни баратели на работа, а 58,4% се пасивни баратели.
На пазарот на труд во моментов приватниот сектор пријавил 7.171 слободни работни места, а бројката на оние што бараат работа е околу 97 илјади лица.
Споредено со оние кои активно бараат работа, за едно работно место во приватниот сектор се борат 14 невработени. Според податоците од Агенцијата за вработување, најбарани професии на пазарот на труд се продавачи, келнери, работници на производствена линија.
Од висококвалификуваните кадри и натаму најбарани занимања се градежните инженери и програмерите. Упатените во оваа област велат дека бројката на огласи за работа сега е зголемена за разлика од летниот период.
По градови, во моментов најмногу слободни работни места има во Скопје, Битола, Кавадарци, Штип, најмалку во Берово, Свети Николе, Демир Хисар. Во Македонска Каменица има едно слободно работно место, а во Крушево - ниту едно. Дали тоа значи дека во овие градови сите се вработени или пак нема понуда за работа?
Владини мерки за вработување - дали даваат резултат?
Од 2007 година досега Владата понуди неколку пакет мерки за намалување на невработеноста, и тоа:
• Неповратни средства за сопствен бизнис - за секое самовработување се предвидуваат по 3 300 евра неповратни средства, од нив 3 000 евра во вид на директна поддршка за набавка на опрема, репроматеријали, додека останатите околу 300 евра, служат за поддршка во вид на основна обука за водење бизнис во времетраење од најмалку 5 работни дена.
• Самовработување со кредитирање - Владата нуди поволни кредити за сопствен бизнис (најмалку 9.000 евра за максимум тројца вработени , и најмногу 17.000 евра за максимум 5 вработени.
• Финансирање на нововработени во фирмите и субвенционирање на вработување на социјални случаји
• Вработување на млади лица до 29 години - работодавецот се ослободува од плаќање на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување една година.
Од Агенцијата за вработување велат дека мерките веќе имаат дадено ефекти, а голем број од оние кои ги искористиле кредитите за самовработување, бизнисите сеуште ги одржуваат. Неодамна во интервју за Фактор, првиот човек на Агенцијата, Влатко Поповски изјави дека намалувањето на стапката на невработени на 28,8% е резултат на владините проекти за стимулирање на невработеноста, а не на административните мерки за бришење од списоците.
Сепак анкетите покажуваат дека граѓаните најмногу сакаат да работат во државната администрација. Статистичките податоци покажуваат дека во приватниот сектор работат 488 илјади лица, а во државната и јавната администрација над 162 илјади лица, што значи дека на тројца вработени во приватниот, има еден вработен во државниот сектор.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: