17 Декември, 2025
0.1596

Статистиката во служба на стопанството

Објавено во: Економија 02 Јули, 2013 20:09

Добивај вести на Viber

Со потпишување на Меморандумот за соработка ќе се интензивира соработката Стопанската комора и Државниот завод за статистика и ќе се интензивира размената на побрзи и покомплетни информации од двете страни. Според претседателот на Комората, Бранко Азески, сега е моментот за подобрување на оваа соработка цо очекување на значајните промени што ќе се случат на глобално ниво и во статистиката и во водењето на економските политики во услови на криза. „Ние ги користиме податоците од ДЗС многу внимателно за да дојдеме до јасни индикатори при предлагањето на нашите мерки, ДЗС, пак, ги користи нашите логистики за да дојде до податоците на правните лица -членки на Комората“, додаде Азески кој смета дека со новиот документ, побрзо и поквалитетно ќе се прават предлог мерките за подобра бизнис клима во земјава. „Квалитетните, навремени, меѓународно споредливи статистички податоци се суштина на целиот тој процес. Тоа се факти на кои ја базираме и докажуваме оправданоста на нашите барања, ни овозможуваат аргументирано да настапуваме, без паушални, субјективни согледувања“, вели потенцира Азески. Со ова се согласи и директорката на  Државниот завод за статистика Благица Новковска која нагласи дека за точни статистички податоци треба соработка со компаниите. Таа додаде дека и статистиката мора да ги следи глобалните случувања и да воведува новини при  истражувањата. За време на потпишувањето на Маморандумот беше споменат и попосот во земјава кој дожива фијаско пред повеќе од една година. „Македонија ќе успее да спроведе квалитетен попис на населението кога ќе биде подготвена да ги почитува меѓународните стандарди. Тоа е главниот предуслов, се друго е логистика“, изјави Новковска.  

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија