19 Декември, 2025
0.4655

СТАВ Арбен Халили: Да сопрат задолжувањата, нам ни е потребен ММФ!

Објавено во: Економија 13 Јули, 2016 09:04

Добивај вести на Viber

Македонија да прекине со скапите задолжувања на странските пазари, и да склучи аранжман со ММФ, иако монетарците не се омилени кај власта заради строгите контроли на кои подлежи трошењето на парите, порачува Арбен Халили, економист и аналитичар. Според Халили, ваквата политика на власта,  да се зема кредит за да се врати друг кредит, и да се исплааат палти, пензии и социјала, наместо парите да се трошат за капитлани проекти -  не може да трае вечно Новото задолжување на владата е само уште еден доказ дека економската состојба во земјата е се потешка. Зачестеното присуство на државата на финансиските пазари, посебно преку еврообрзницата, преку која се обидува да се стигне до “полесни” пари, но за жал поскапи за сите нас како граѓани, покажува на фактот дека веќе сме на дното без дно. Ова го кажувам од фактот што со секое ново задолжување досега сме биле на став дека треба да се прекине со тоа бидејќи сме го допреле дното, но тоа очигледно нема кој да го слуша. Последните податоци со кои пред неколку дена излезе и Стопанската комора на северозападна Македонија, укажуваат на фактот дека за само седум години сме позајмиле повеќе од 2 милијади евра, односно околу 65% од актуелниот буџет. За жал, со ова темпо на задолжување, стигнавме до тоа секоја година да имаме финансиска дупка во буџетот од околу 25% која властасе обидува да ја полни преку ново задолжување. Ваквата политика на задолжување дефинитивно не може да трае вечно, посебно ако се земе во предвид дека и овие скапи финансиски средства обезбедени преку еврообврзници, воопшто не се користат за продуктивни цели или пак за капитални инвестиции, туку повеќето од овие средства се користеа досега за отплата на стари долгови, за да се обезбедат плати за администрацијата или пак за пополнување на финансиските дупки во фондовите. Излезот е во тоа да се прекине со понатамошното задолжување, секоја потреба од дополнителни финансиски средства да се обезбеди преку нови аранжмани во ММФ (иако тоа воопшто не е омилена тема на власта) каде би се финансирале однапред определени капитални проекти или преку Светска Банка, и секако уште еден важен сегмент за излез од кризата е да се остави економијата да дише, што би подразбирало ослободување од секаков вид на притисок напретприемачите, намалување на политичката тензија со што стопанството би се насочило кон конкретни инвестициони проекти.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар