27 Април, 2024
0.0263

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Објавено во: Економија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Компанијата „Неметали Огражден“ од Струмица заложува имот вреден 1,8 милиони евра, а целта им е да земат револвинг кредит кој би се користел и отплаќал во наредниот подолг период. За ова компанијата ја извести инвеститорската јавност преку Берзата, а тоа е и должна да го направи согласно со берзанските правила.

Станува збор за заеми, кредити, заеми, залог, гаранции или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквите зделки се однесуваат на стекнување или на отуѓување, или на можно отуѓување, директно или индиректно на имот на друштвото чијашто вредност изнесува над 20 отсто од книговодствената вредност на имот на друштвото определена врз основа на последните финансиски извештаи.

Исклучок од ова се зделки извршени односно остварени во текот на редовното работење на друштвото, зделки поврзани со стекнување преку запишување обични акции на друштвото, и зделки поврзани со стекнување на конвертабилни обврзници, како и други зделки определени во статутуот на друштвото, како зделки на кои ќе се применува постапката на одобрување на големи зделки, на начинот определен со Законот за трговски друштва.

Па така, од компанијата Неметали Огражден Струмица навеле дека апсолутниот износ на зделката е на износ од 110.871.000 денари, што е рамно на 1,8 милиони евра. Станува збор за залог на недвижен имот односно хипотека и авалирање на меница.

Одлуката ја донел Управниот одбор на компанијата.

Релативниот износ на таа зделка е 24 отсто во однос на книговодствената вредност на имот на друштвото. Начинот, пак, на кој е утврдена вредноста на зделката, е врз основа на износот на кредитниот лимит.

Во објавата на компанијата уште е наведено дека страна на зделката е Шпарккасе банка, додека, пак, корисник на зделката е ПЗУ Поликлиника на примарно ниво Мартини од Струмица.

Овој залог на недвижен имот се прави со цел да се земе рамковен револвинг кредитен лимит, а чии рок на користење и враќање е март 2034 година.

Како што е познато, основна дејност на „Огражден“ АД Струмица е експлоатација и преработка на минерални суровини.

Неодамна од таа компанија известија дека годинава имале вложување на цел погон за производство на суви прашкасти градежни производи во ДПТУ Огражден-Микромикс, друштво кое е во целосна сопственост на АД за неметали Огражден, со што дошло до драстично намалување на продажбите на домашен пазар, но и на трошоците за суровини.

Најголеми сопственици на компанијата се Тања Маџункова со 50,2 отсто од акциите, и Аристид Маџункпов, кој поседува акционерски капитал на износ од 11,77 отсто од сопственичката структура на компанијата.

Н.Н.Ф.

Фото: Неметали Огражден Струмица

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба