05 Декември, 2025
0.1304

Ставрески: Брисел и Москва да се договорат – Македонија не се откажува од „Јужен тек“

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2013 20:31

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Зоран Ставрески е дециден, Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек, така што е најавено. Тој ги повика Брисел и Москва, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања кои, како што изјави, Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект. Проектот освен што има големо општествено и економско значење, Ставрески смета дека е значаен и за подобрување на конкурентноста на економиите од државите што се дел од него. „Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Гаспром да ги решат отворените прашања“, истакна Ставрески запрашан на оваа тема, откако свечено пушти две локални улици во Кочани. Спорот меѓу „Гаспром“ и Европската Унија  настана кога ЕК побара земјите членки на Унијата и земјите се дел од евроинтегративните процеси, да ги ревидираат договорите потпишани со „Гаспром“, кои  не се во согласност со прописите на Европската енергетска зедница. Од „Гаспром“ одговорија дека немаат намера да годговорат позитивно на ова барање.  Според информациите од рускиот нафтен гигант, стандардна пракса е големите прекугранични инвестиции да се поддржат со меѓудржавни договори како би се обезбедила правна сигурност и стабилност за инвеститорите. Оваа изјава беше дадена пред неколку дена откако заменик генералниот директор за внатрешниот енергетски пазар во Европската комисија, Клаус Дитер Борхарт, на конференцијата за „Јужен тек“ изјави дека билатералните договори кои руски Гаспром ги склучил со земјите вкучени во Јужен тек, меѓу кои и Македонија, се спротивни на прописите со ЕУ и дека за нив тие земји мора повторно да преговараат. Проектот Јужен тек е тежок 16 милијарди евра, а според најавите треба да се финализира до 2018 година. И Македонија со крак треба да се приклучи кон „Јужен тек“, но се уште не се знае дали кракот ќе докде преку Србија или од Бугарија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите