05 Декември, 2025
0.0675

Ставрески: Изградбата на три автопати ќе ја зголеми економската активност

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2014 10:45

Добивај вести на Viber

Повеќекратни и позитивните ефекти очекува во следните три до четири години и повисок пораст на економската активност, како и поголем број вработувања во делот на ангажманот на домашни работници, очекува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески од изградбата на трите автопати во земјава. -          Веќе имаме 1.500 работни места кои директно се отворени и кои се резултат на почеток на реализација на овие автопати и во иднина очекувам илјадници македонски работници да бидат ангажирани на изградбата на овие автопати, изјави Ставрески. На макроекономски план тие, очекува Ставрески  да го подигнат нивото на пораст на БДП за околу 1 отсто годишно со директен ефект со ангажман на домашни фирми како изведувачи или подизведувачи во делот на градежништвото.  Во изградбата се ангажирани Гранит и Бетон, а како подизведувачи ќе бидат ангажирани и помали фирми во делот на изведување градежни работи, потоа за користење градежни материјали, за снабдување стоки и давање услуги. Aвтопатот Миладиновци - Штип, чија изградба почна  во февруари годинава, ќе биде долг 47 километри, широк 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, обезбедени од кинеската Ексим банка. Автопатот Кичево-Охрид, треба да биде  сo должина од 57 километри, ширина од 25,5 метри, со две автопатски ленти, дополнителна линија за запирање и зелен појас. Вкупната вредност на инвестицијата во согласност со договорите изнесува 372 милиони евра. Двете автопатски делници ги гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорешн лимитед“, која има обврска да ангажира за работа минимум 51 процент македонски државјани. Инвестицијата, пак, за изградбата на автопатската делница  Демир Капија - Смоквица на Коридорот 10,  во должина од 28 километри, изнесува 210 милиони евра. Проектот почна во септември 2012 година, а го реализира грчката компанија „Актор“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија