Ставрески: Ова се тешки времиња, банкарите треба да ги олабават кредитните услови!
Објавено во: Финансии 28 Февруари, 2013
“Ако економската активност не се зголеми, очекувано е дека нема да има пораст ниту кај кредитната активност. Оваа состојба ја одбележа целата 2012 та година. Индустриското производство 16 месеци е во континуиран пад и очекувано е дека состојбата ќе се прелее и во оваа 2013 та година“ - коментираат од Здружението на банкари.Дека ризиците и неизвесноста сеуште ќе го кочат поагресивното кредитирање, покажа и најновата Анкета за кредитна активност што ја спроведе Народната Банка. Анкетата спроведена меѓу директорите на водечките банкрски групации покажала дека тие во првите три месеци од годинава не очекуваат промена на кредитните услови во однос на последниот квартал од 2012 та година, кога условите беа значајно заострени. Ова практично значи дека и во првиот кавртал од оваа година одобрувањето на кредитите ќе биде под силен филтер на банкарските процедури. Министерот за финасии ги повика банкарите да не ги заоструваат условите за кредитирање.
„Треба да настојуваме, и банките во вакви околности, да не ги влошуваат условите за граѓаните и за стопанството, бидејќи врeмињата се тешки за сите и секој треба да го понесе товарот во својот дел. Моите лични очекувања се дека нема да дојде до никакво влошување или заострување од страна на банките“ - изјави министерот Зоран Ставрески.Во меѓувреме, не забавува само кредитирањето, туку и штедењето. Според најновите податоци на Народната Банка во првиот месец од годинава вкупната дпозитна база се намали за речси 2 милиони евра. Поголем пад е регистриран токму кај депозитите на населението, каде според податоците на НБРМ, за само еден месец има намалување од скоро 15 милиони евра.
“Намалувањето на депозитите во јануари може да се смета како циклична појава. Пред Нова Година имаше пораст и кај кредитирањето и кај штедењето. Но сепак, останува фактот дека земјата е во криза и дека логично е да се очекува не само намалување на кредитирањето, туку и на штедењето. Компаниите ги повлекуваа парите за редовно работење“ - објаснуваат од банкарското здружение.Во јануари, вредноста на вкупните кредити изнесува 3,5 милијарди евра, додека депозитната база тежи 3,9 милијарди евра. Анета Додевска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.