19 Декември, 2025
0.0473

Ставрески: Во завршна фаза договорот за приклучување на Македонија кон „Јужен поток“

Објавено во: Економија 14 Март, 2013 14:20

Добивај вести на Viber

Имавме посета во Москва при што беше извршено детално усогласување на договорот со „Газпром“. Од руска страна очекуваме сега да се ратификува, а потоа и од наша страна, така што сме во завршна фаза, ова го изјави денеска министерот за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека за тоа кога би се ратификувал зависи од  руската страна и оти колку таа бргу го ратификува договорот, од македонска страна ќе биде завршено за два дена.

Нацрт спогодбата за вклучување на Македонија во овој проект беше доставена во јули минатат година. Македонија во гасоводниот систем ќе биде вклучена со крак, а не како транзит, одлука донесена од страна на руската компанија која сметала дека ова е најизводливо и најекономично решение. Дополнително ќе се утврдува од каде ќе поминува кракот.

Изградбата на гасоводот „Јужен поток“ почна во декември минатата година.

Вкупната инвестиција во „Јужен поток“ изнесува 25 милијарди евра, а гас се очекува да протече во 2015 година. Коридорот долг 3.600 километри под Црното Море треба да ги поврзе руските извори на гас со Југоисточна Европа, независно од Украина. „Јужен поток“ се предвидува да задоволува 14 проценти од потребите за гас на Европската Унија.

Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави ќе бидат приклучени преку краците.

Акционери на „Јужен поток“ се рускиот „Газпром“, кој има половина од сопственоста во заедничката фирма, а другата половина ја поседуваат италијанската ЕНИ, француската ЕДФ и германскиот БАСФ.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар