Добивај вести на Viber
Ова е голема инвестиција која во голема мера ќе влијае врз степенот на развој на македонската економја во годините кога ќе се гради, но и потоа врз основа на големиот број туристи кои ги очекуваме. Уште повеќе ќе значи за Охрид и охридскиот регион, бидејќи ќе ја продолжи туристичката сезона на 365 дена во годината. Ќе значи ангажман, вработување на илјадници луѓе од Охрид, повеќе бизнис за охридското мало стопанство, рестораните, самопослугите за сите оние субјекти инволвирани во туризмот. Ќе значи ангажман на домашни фирми, кои заедно со странските ќе го градат преоктот, истакна вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција во Охрид на која беше претставен проектот „Сахарјан Македонија“ што ќе се гради на брегот на Охридското Езеро.
Позитивните економски аспекти од проектот ги истакна и гостинот од Индија, бизнисменот Субрата Рој кој рече дека очекува бенефит како за неговата компанија, така и за Република Македонија, гарантирајќи подобрување на економските состојби во земјата преку проектот „Сахарјан Македонија“.
- Се работи за исклучително голем, комплексен проект, заради што е потребно да се формира тим од двете страни, Ние веќе формиравме управувачки комитет, со повеќе од 25 лица, претставници од различни државни институции кои работат на неколку сета прашања, како правни прашања односно легислативата, финансиски и даночни прашања, инфраструктурни прашања и маркетингот. Тие тимови на највисоко ниво потоа ги разгледуваат прашањата и на оперативно ниво, и ги расправаат со претставниците на Сахара груп, во таа насока ќе оди и придвижувањето на проектот наредните неколку месеци, со цел да се решат прашањата, истакна Ставрески.
- Посебна екипа работи на прашањата од областа на заштитата на животната средина. Министерот за животна средина, Хидробиолошкиот завод од Охрид, како и институциите надлежни во делот на УНЕСКО односно заштитата на културно-историското наследство. Договор имаме со Сахара дека сите тие стандарди ќе бидат максимално почитувани, со цел проектот да биде и транспаретно подготвен, но и да одговори на сите стандарди за заштита на Охридското Езеро, нагласи Ставрески.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: