01 Ноември, 2024
0.1300

Сте слушнале ли за „Чевлите на Дунав“?

Објавено во: Стил 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Будимпешта е град што плени при секоја посета. Во овој уникатен спој на два града секогаш ве очекуваат нови и нови туристички атракции...

Но, можеби најубавиот дел од главниот град на Унгарија се бреговите на реката Дунав. Прошетката по кејовите на најголемата река во Европа е неверојатно пријатно искуство. Ќе имате можност да поминете покрај грандиозните мостови што ги поврзуваат двата брега, да ги погледнете маестралните градби, како и најимпресивната зграда во Будимпешта - големата зграда на парламентот.

А на само 300 метри оддалеченост од поранешната кралска палата (сегашната зграда на парламентот) се наоѓа веројатниот најтрогателниот меморијален споменик што некогаш сте го посетиле - „Чевли на Дунав“.

Точно 60 пара чевли се излиени во бронза и поставени на кејот на Дунав, свртени кон студените води. Сите чевли се различни: детски, женски и машки, работни, спортски, свечени итн. А, нивната симболика е многу длабока.

Со овој меморијален споменик се оддава почит на жртвите на Партијата на вкрстените стрели, колаборатори на нацистичка Германија. Во 1944 и 1945 година, милицијата на владеачката партија во Унгарија погубила стотици Евреи и политички непријатели, така што ги присилувале да ги собујат чевлите, по што ги стрелале во глава - за телата да бидат однесени од водите на Дунав.

Многу често, покрај излиените метални чевли ќе видите цвеќиња оставени од потомците на жртвите или едноставно од луѓе кои се трогнати од емоциите што навираат од споменикот..