Сте слушнале ли за чичок – чудесниот лек?
Објавено во: Стил 07 Октомври, 2014 21:50
Чичокот (Arctium lappa) е двогодишна билка која има долг и сивокафеавкаст, вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови со дршки и неправилен срцевиден облик.
Во втората година пораснува исправена и разгранета билка со висина од 1 до 1,5 метар. Листовите се помали како се оди кон врвот на стеблото. Цветаат со главици со виолетово цевчести, густо збиени цветчиња, со боцки со кои лесно се закачуваат на облеката.
Растат покрај патишта, на ливади и необработено земјиште.
Лековит дел од билката: За лек се употребува корен, листови и семе. Двогодишниот корен се собира во пролет и есен, листовите додека сеуште се млади, а семето кога ќе биде созреано.
ЛЕКОВИТО ДЕЛУВАЊЕ:
Коренот од чичок делува противотровно, ја чисти крвта и поттикнува потење и излачување на урината. Се користи за лекување на венерични болести, сите видови чиреви, скрофула, гихт, застарени ревматски болести, водени болести и труење со жива.
Чај од млади листови од чичок се користи при лекување катар на желудник и подуеност, а претставува и добро средство против разни осипи, чиреви, гнојни рани и ранички во устата.
Семето од чичок се користи за правење на чичково масло кое е многу ефикасно во борбата против првутот и ќелавеењето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





