22 Ноември, 2024
0.0270

Сте вработиле лице со субвенции од државата – што доколку си замине од работното место?

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Државата со помош на субвенционирани вработувања години наназад се труди да ја зголеми вработеноста на населението. Илјадници луѓе досега се вработиле на овој начин.

Помошта се состои во субвенционирање на плати  извесен период, а потоа работодавецот е должен да го задржи работникот на работното место согласно пропишаното. Но, што се случува доколку работникот во тој временски период си замине од работното место?

„Согласно договорот што се склучува  помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и работодавачот за субвенционирање на вработување, работодавачот се обврзува на субвенционираните работници да им ги обезбеди сите права што произлегуваат од работниот однос согласно закон, колективен договор и договорот за вработување, а во контекст на вашето прашање, доколку на работникот за кој е исплатена субвенција, му престане работниот однос во било кој период (периодот на субвенција и дополнителниот период за кој е должен да го задржи работникот во работен однос), освен во случај на смрт, пензија и неспособност за работа, работодавачот е должен во рок од 30 дена на негово место да вработи друго невработено лице - активен барател на работа што припаѓа на било која категорија во рамките на целните групи опфатени со оваа мерка. Во спротивно е должен да врати сразмерен износ од исплатените средства (износот на субвенција по лице поделен со вкупниот број на месеци)“, одговараат од Агенцијата за вработување.

Во извештајот на Агенцијата за вработување за 2021 година стои дека со субвенционирање на плати помогнале на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Финансиската поддршка изнесувала 19.000 денари месечно, за период од 3, 6 или 12 месеци за одредени целни групи. Корисници на мерката биле мали, микро, средни фирми, социјални претпријатија, граѓански организации. Имало два јавни повици до работодавачите, а на крај се склучени 1.406 договори со работодавачи за вработување на 1.771 лице. Од нив 823 биле жени, 912 биле млади до 29 години и 79 биле Роми.  Бројките покажуваат дека имало солиден интерес, односно поголем број на апликации за субвенциите. Во 2019 година се потпишани 973 договори за вработување на 1.383 невработени лица со помош на субвенции.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ArthurHidden

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто