17 Декември, 2025
0.0543

Стечајците пред Влада, бараат средба со Премиерот

Објавено во: Економија 04 Јули, 2013 20:04

Добивај вести на Viber

Повеќе од 500 стечајци од Куманово, Кочани, Штип и Крива Паланка излегоа на протести пред Владата во Скопје за да побараат итна средба со владиниот врв за решавање на долгогодишниот проблем.
Според претседателката на Координативното тело на стечајци, Лилјана Георгиевска, и покрај нивната упорност премиерот Никола Груевски со години не ги прима на разговор. „Во Куманово месечно умираат по 12 стечајци. Четириесет и седум отсто од овие луѓе се веќе починати од срцеви или од мозочни удари. Луѓето се очајни, гладни и болни. Но, ние сме упорни во нашите барања. Груевски ќе не гледа почесто на улица, за да не мисли дека сите сме умреле“, најави Георгиевска. Поголемиот дел од стечајците кои останаа на улица некогаш вработени во државните компании се доведени на раб на егзистенција и немаат никакви приходи веќе две децении. Сега тие бараат предвремено заминување во пензија. Вкупниот број на стечајци се проценува на околу 10 илјади лица.    

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија