Стефановски, Николиќ и Камчев за 4 јули поканети во Белград
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019
Прославата на Денот на независноста на САД, 4 јули секоја година се одбележува таму, но и во секоја Амбасада на државите низ светот.
Во Македонија, чест речиси секоја година на прославата прават многу јавни личности, политичари, директори, професори, актери, доктори. Меѓу нив речиси секогаш се и премиерот, претседателот на државата, министри, познати бизнисмени.
Така е овде, а така е и во регионот.
Во Белград годинава се собраа бројни познати личности, а меѓу нив имаше и Македонци и Срби кои работат овде.
На фотографија која ја објави доктор Александар Николиќ на својот фејсбук профил се гледа дека светски познатиот музичар Влатко Стефановски бил поканет на прославата од Амабасадата на САД во Белград.
На фотографијата е во друштво на доктор Николиќ кој работи во Клиничката болница Аџибадем Систина, но и со бизнисменот Орце Камчев.