26 Јуни, 2024
0.0278

Стефковски: Дали ова е доказ дека целосно е дерогиран безбедносниот систем на Република Македонија?

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Дали дојавите за бомби се показател дека е дерогиран безбедносниот систем, или се работи за неспосбност и непрофесионалност на службите, прашува градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. 
Тој на својот профил објави дека денеска повторно се стигнати заканувачки мејлови до неколку училишта во ошпштината, поради што децата се евакуирани од училиштата. 
Воедно Стефковски укажува дека само во Гази Баба првите закани се пристигнати од средина на декември минатата година и дека се уште нема решение на проблемот. 
Ме информираа дека се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ Наум Наумовски Борче, ООУ Стив Наумов и ООУ Наум Охридски.

Од училиштата се превземени мерките согласно утврдените протоколи и учениците се евакуирани од училишните згради и се наоѓаат на безбедно.

Во општина Гази Баба на 16.12.2022 година за прв пат пристигна дојава за бомба во училиште, денес сме 23.02.2023 година. Недозволиво е за државата неколку месеци во континуитет да пристигнуваат вакви дојави, а притоа да неможат да се откријат сторителите.

До мене пристигнуваат реакциите на родителите кои со право прашуваат: Дали ова е доказ дека целосно е дерогиран безбедносниот систем на Република Македонија? Или пак се работи за неспособност и непрофесионалност на вршителите на јавните функции?

Ова повеќе неможе и несмее да се толерира! Барам превземање на итни и енергични активности и мерки од страна на надлежните институции со цел оваа појава да запре! - укажува Стефковски на својот Фејсбук профил. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра