10 Декември, 2025
0.0387

Стенли Фишер: Светот е на чекор од рецесија

Објавено во: Свет 15 Октомври, 2012 12:28

Добивај вести на Viber

Светот е „ужасно близу" до рецесија, тврди менаџерот на израелската централна банка Стенли Фишер. Иако е направено многу за закрепнување на глобалната економија, саканиот ефект се уште не е постигнат, коментира тој.  Програмата за подобрување на ликвидноста ја зголемува довербата во Федералните резерви (ФЕД), посочува Фишер, изразувајќи поддршка за активностите на претседателот на централната банка Бен Бернанке. Сепак стравува дека со оглед на тоа што не е поставена горната граница за откуп на обврзници од страна на ФЕД, целата програма ризикува да пропадне уште пред да ја постигне целта. Коментарите на Фишер доаѓаат откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобалниот раст, предупредувајќи дека растот ќе забавува се додека САД и Европа не се справат со заканите по нивната економија. Слабата потрошувачка и буџетските заштеди во дел од развиените земји се одразуваат на новите пазари како Кина и Бразил. „Ужасно сме близу до глобална рецесија", нагласува Фишер, кој во периодот 1994 година - 2000 година беше и заменик извршен директор на ММФ. „Порастот е прилично анемичен. Европа технички е во рецесија, а во САД економската експанзија ќе остане под 2% во текот на следните неколку месеци ", додава тој. Што се однесува до ризиците околу еврозоната, Фишер истакнува дека со одлуката да се интервенира на облигационните пазари при одредени услови, претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги,  отстранил огромен дел од ризикот за колапс на еврозоната.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон