26 Април, 2024
0.0323

Стеријовска: Се уште стоиме зад принципите на кои се заколна Јанева во СЈО, а не на личноста

Објавено во: Македонија, Интервјуа 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

СЈО какво што го знаевме повеќе не постои, силните прес конференции и необичните настапи на трите „Чарлиеви ангели“, како и походот кон обезбедување правда и одговорност од функционерите кои сторија тешки злоупотреби и беа заглавени во корупција, сега се чини дека ќе добијат многу поразлична форма по приведувањето на Катица Јанева и нејзина осомниченост за злоупотреба на службната положба во предметот „Рекет“. СЈО како институција пикот на поддршката го имаше за време на Шарената револуција кога постоеше закана и за негово укинување преку различни методи, но и со исфорсираната аболиција на екс претседателот Иванов која ги зовре улиците. Како од денешна перспектива гледа Ирена Стеријовска, една од граѓанските активистки за време на Шарената револуција? Како денес се изразува револтот и незадоволството од власта, постои ли доволно силна критична маса и во кој случај таа ќе се активира, како да создадеме праведно општество со поставените идеали за правна држава, слобода и еднаквост, разговараме со Стеријовска.

Фактор: Шарената револуција беше инспирирана и водена токму за поддршка на СЈО, по улиците се носеа маички со Чарлиевите ангели“, се извикуваше нема правда нема мир. Како од денешна перспектива гледаат граѓаните кои учествуваа во демонстрациите откако токму главниот предводник на СЈО е осомничен за криминал?


Стеријовска: Шарена револуција беше предизвикана од континуираното злоупотребување на власта од претходната гарнитура. Наметнувањето на страв и ставањето на сите институции во служба на партијата наместо на граѓаните беа причина за наталожување на револт кај нас. Ние протестиравме неколку години пред Шарена револуција и во таа смисла сметам дека е непрецизно тврдењето дека шарена револуција се создала како движење исклучиво за поддршка на СЈО. Тогашните контексти во кои се наоѓаше државата со неочекуваната аболиција на екс-претседателот Иванов ја наметнаа потребата граѓаните да застанат позади една новоформиана инстутуција која имаше за задача да расчисти со криминалот на кои сите ние сведочевме додека јавното обвинителство никаде го немаше. Граѓаните не застанаа позади Катица Јанева туку застанаа позади принципите на кои таа се заколна. Верувам дека поголемиот дел од нас се уште стојат зад тие принципи без разлика дали Катица е дел од таа равенка или не.

Фактор: СЈО беше симбол на надеж без оглед што одредени сегменти од општеството се противеа на формирање на ваков вид на институција. Што кажува тоа за нас како општество, дали сме длабоко загазени во алчност и корупција па дури и специјални обинителства да не се доволни за да се пресметаат со организираниот криминал?

Стеријовска: Алчноста и склоноста кон корупција се голем фактор во епилогот на оваа приказна со Катица Јанева. Се плашам дека се работи за извесно помирување на оние кои по опис на работно место не смеат да се помират дека „отсекогаш работите функционирале така“. Но,пред се сметам дека нашиот најголем проблем како држава е негативната селекција. Тоа веројатно има тесна поврзаност со компромитираноста на голем дел од политичарите и институциите на кои не им одговара на позиции како оваа да бидат луѓе со стручност и интегритет. Така тие би ја изгубиле контролата а Груевски сликовито ни покажа до кои крајности може да се оди за да се задржи истата. Ретко кој политичар свесно би ја загрозил својата позиција на моќ со поставување на луѓе над кои не може да влијае.

Фактор: Секако, вие не може да говорите од името на сите шарени револуционери“, но очигледно е дека спласна ентузијазмот, критичната мисла се пресели само по повремени статуси на социјалните мрежи, а конкретни акции и дејствувања нема. Чуствувате ли револт, разочараност и гнев и како истите да се канализираат?

Стеријовска: Нереални се очекувањата граѓаните да бидат константно во иста „температура“ како за време на Шарена Револуција. Тоа сепак беше моментум, многу контексти и фактори испреплетени за да се достигне тоа ниво на будност и граѓанска агилност кон политичките процеси. Природно е после еден таков набој да настапи општа летаргија, особено ако не се реализираат добар дел од големите очекувања кои сме ги имале. Но, наследството на Шарена Револуција е во обезбедувањето на слободен простор за искажување став и мислење без да се плашиме за последиците. Да не се разбереме погрешно, самата револуција не го обезбеди тоа туку направи интервенција во свеста на луѓето дека слободата не се бара туку се зема. Затоа денес можеме да забележиме луѓе кои во тоа време „не се замараа со политика“ а сега имаат мислење за се, од кадровски решенија до како се водат предистражни постапки. Иако критикувани од некои, јас сепак мислам дека тоа е добро, тоа значи дека сме будни и пратиме. Бидејќи ако граѓаните згрешат во искажување на својот став тоа никому посебно нема да му наштети но, ако политичарите зграшат, последиците знаат да бидат фатални. Во таа смисла, она што во прашањето погоре вие го нарековуате "повремени статуси" не е ни така безначајно како што звучи.Тоа сега предизвикува оставки, промена на одлуки на влада и ги присилува на извинување најмоќните луѓе во државата. Тоа пред  четири години ни со револуција не можевме да го направиме. Верувам дека доколу дојде време во кое нема да можеме да смениме било што, во кое обвинителството нема да покренува постапки, во кое ќе не заплашуваат од позиција на моќ, тоа ќе биде времето за нова револуција.

Фактор: Институции на граѓаните или граѓански институции, концепт кој никако да се создаде без да постои соодветна политичка волја и наредба“ од најголемите партии кои себеси се амнестираат и договараат како да владеат. Како да ги надминеме овие суштински недостатоци?

Стеријовска: Го немам одговорот на ова прашање. Не знам. Јас живеам според императивот дека сите треба да го правиме она во кое сме најдобри. Тоа значи меѓудругото и превземање на лична одговорност. Мораме да признаеме дека не сме баш добри играчи во таа дисциплина. Поголемиот дел од граѓанитеимаат култура на барање оправданија а погрешните политикина политичарите секогаш несебиќно ни ги сервираат тие оправданија. И тоа е тој магичен круг на просечност и нефункционалност. Некој мора да го скрши кругот, зошто да не бидам тоа јас или вие... или некој обвинител што нема да потклекне?  Можеби така.  :)

* Одговорите се од мое лично име и не претставуваат колективен став на Шарена Револуција


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг