01 Јануари, 2025
0.1369

Стигна фактурата! ЕСМ треба да плати 25 милиони евра за струјата што не ја произвел во октомври?!

Објавено во: Економија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Ако се потврди оваа неофицијална информација ЕСМ ќе мора да бара нова „инфузија“ од Владата. Од ноемвриската помош од буџет вредна 65 милиони евра досега ЕСМ потроши околу 58 милиони евра (15 милиони за набавка на струја во ноември и уште 43 милиони за непроизведена, а превземена струја од европската мрежа за периодот од август до октомври која МЕПСО мора да ја плати на ЕНТСО-Е). Зимата само што почна, а ЕСМ има во погон само 40% од својот инсталиран производствен капацитет на двете термоцентрали

*податоците за дневното производство на 21.12.2021 и за инсталираниот производствен капацитет се достапни на следните линкови и овде.

Државната компанија за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) треба да плати 25 милиони евра затоа што во октомври не произвел струја колку што најавил дека ќе произведе. Кусокот струја е надополнет со превземање од регионалната мрежа, а фактурата е испорачана, дознава „Фактор“ од извори во енергетскиот сектор. Количината електрична енергија што била кусок морал да ја превземе МЕПСО како национален систем-оператор и да ја плати на регионалната електроенергетска мрежа. Згора на трошокот за превземена струја ЕСМ треба да плати и пенал за дебаланс односно казна заради тоа што не ги испорачал најавените количества електрична енергија. Пеналот е утврден како дисцилинска мерка во подзаконските акти кои го регулираат пазарот на струја, ги одобрила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и ги опфаќа сите учесници на пазарот кои не ги испорачале или превзеле претходно најавените количества електрична енергија. „Фактор“ побара одговор од ЕСМ и доколку го добиеме ќе биде објавен.

Овој трошок дополнително ја отежнува и така тешката финансиска состојба на ЕСМ и ја влошува ликвидноста и солвентноста на најголемата македонска компанија. Како што е познато ЕСМ од Владата на почеток на ноември доби финансиска инјекција од 65 милиони евра со чинот на прогласување кризна енергетска состојба во која ниту уличното осветлување не беше редуцирано. Тие 65 милиони евра беа потребни за итно и неопходно подобрување на „крвната слика“ на најголемата државна компанија која е во исклучително лоша финансиска состојба, а има и голем дефицит на вода и јаглен – ресурси за производство на струја. На ЕСМ „му изрекоа смртна казна“ во 2018 година кога производната цена на неговата струја во Владата ја поставија на 37 евра за мегаватчас.

Од 7 ноември кога беше прогласена „енергетската кризна“ ЕСМ од добиените 65 милиони евра на МЕПСО му префрли околу 18 милиони евра (една милијарда денари) за да се плати фактурата за август и септември за превземањата струја од регионалната мрежа кои настанаа заради тоа што ЕСМ не можеше да испорача најавени количини електрична енергија. За ноември сме сведоци дека ЕСМ за да не превзема струја од регионалната мрежа и не плаќа пенали почна да прави тендери за набавка на струја. Така во тој период во пет наврати компанијата набави струја за повеќе од 13 милиони евра. Последните два тендери ЕСМ ги сокри и не ги објави на својата веб страница. Според наши неофицијални информации (неофицијални затоа што ЕСМ одбива да одговори повеќе од 20 дена) вкупното купување на струја за ноември чинело најмалку 15 милиони евра.

Доколку е така, а нема официјална потврда ниту демант, ЕСМ досега од буџетските пари потрошил или ќе плати 58 милиони евра!!! Од тоа барем 15 милиони евра за набавка на струја за ноември и за превземањето од регионалната преносна мрежа уште 43 милиони евра.Тие 43 милиони евра се  кон МЕПСО за превземена струја од регионалната мрежа и пенали за дебаланс (согласно со актуелните Пазарни правила). Веројатно во меѓувреме ЕСМ од овие пари вложил и во набавка на јаглен за ТЕЦ „Осломеј“ и мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Ова покажува колку е страшна и скапа енергетската криза особено затоа што ЕСМ не може да користи ниту 60 отсто од својот инсталиран капацитет. Потрошени се над 55 милиони евра за период од август до ноември. Министерот за финансии веќе најави дека Владата обезбедила дополнителни средства за енергетската кризна состојба. Од што ќе крати Бесими во буџетот за да има за ЕСМ допрва ќе видиме...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

Ели Дракуловска нова претседателка на АСО со одлука на Собранието

Ели Дракуловска нова претседателка на АСО со одлука на Собранието

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА – ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО 2024: „Германскиот крал“ не е на врвот

ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА – ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПРОДАВАНИОТ АВТОМОБИЛ ВО 2024: „Германскиот крал“ не е на врвот

НОВА РЕВОЛУЦИЈА – ПО 50 ГОДИНИ БАРКОДОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Carrefour, Lidl, Procter and Gamble, L'Oreal, PepsiCo, Nestlé ја прифаќаат промената

НОВА РЕВОЛУЦИЈА – ПО 50 ГОДИНИ БАРКОДОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Carrefour, Lidl, Procter and Gamble, L'Oreal, PepsiCo, Nestlé ја прифаќаат промената