18 Декември, 2025
0.0494

Стигна и официјално барање на Трибуналот: Шешељ наскоро во Хаг?

Објавено во: Балкан 25 Мај, 2015 21:06

Добивај вести на Viber

Во Министерството за правда во Србија стигнал допис од Хашкиот трибунал за враќање на лидерот на Српската радикална партија и хашки обвинет Војислав Шешељво таа институција, велат од тоа Министерство. Лидерот на радикалите повтори дека нема доброволно да се врати во Шевенинген, но дека нема ни да бега.

-Владата на Србија прашајте ја што ќе прави. Јас моето си го кажав - не одам доброволно, но нема ни да бегам. Продолжувам со партиските активности како ништо да не се случило, а тие нека мислат што и како ќе прават - рекол Шешељ пред промоцијата на неговата книга „Говорот на омраза како злосторство против човештвото“ во Белград.

Коментирајќи ги најавите од владата дека по добивањето на барањето ќе постапи по закон и во согласност со меѓународното јавно право, Шешељ оценува дека Владата во тој случај ќе го згази законот, бидјеќи законот по Уставот на Србија ги гарантира човечките права.

-А мене во Хаг сите права ми се згазени - рекол Шешељ.

Премиерот на Србија Александат Вучиќ рекол дека по добивањето на барањето на Судскиот совет на Хашкиот трибунал за враќање на Шешељ во притворска едници, Владата ќе постапи по законот на Србија и во согласност со меѓународното јавно право.

Седум месеци од враќањето од Хаг, Војислав Шешењ  наскоро повторно би можел да се најде во ќелија во Шевенинген. Меѓутоа, остана нејасно како Судскиот совет на Хашкиот трибунал донел одлука за враќање на Шешењ, без изјаснување на Судoт кој му суди.

 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии