Стигнаа коњите од Грција, се чека на трасата за скопскиот пајтон!
Објавено во: Стил 21 Февруари, 2013 19:01
Коњите кои треба да го влечат скопскиот пајтон пред десетина дена стигнале во Македонија и се ставени во карантин во Волково, пренесе Утрински весник.
Како што пишува весникот, таму биле пренесени откако по неколкудневно чекање ја добиле дозволата за влез во државава што ја издава Агенцијата за храна и ветеринарство, а засега е невозможно е да се добие каква било информација за коњите додека пристапот до местото каде што се чуваат е забранет. Како што веќе пишување Фактор, пред две седмици беше распишан е тендер за храна и ветеринари за двата коња, а се бараше и опрема за двајцата кочијаши кои ќе го водат пајтонот. За двата бели коња од расата липицанер, кои беа донесени од одгледувачница од Грција платени се околу 18.000 евра. Коњите се стари по седум години и се повеќегодишни балкански прваци во својата раса.Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




