Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2025 11:47
Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес - лидери утре„ за тековната 2025/2026 година.
По успешниот пилот-проект во 2019 година, Фондацијата МК2025 континуирано обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2025 до јуни 2026г.).
Критериуми за аплицирање
● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
● Средношколци со успех над 4.70;
● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација: https://www.macedonia2025.com/fondacija-mk2025-otvoren-povik/
Апликациите се поднесуваат на Е-scholarship Платформата https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/17
Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти: https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/
Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025 и Македонија2025.
Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес - лидери утре„ досега има обезбедено 50 стипендии.
Крајниот рок за доставување на апликациитее 25.07.2025 год.
Досега, преку оваа програма се доделени 50 стипендии - сега е редот на новата генерација!
Не ја пропуштајте оваа шанса - аплицирајте и станете дел од семејството на идни лидери!
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ





