Стјуардесите во Хрватска го прекинаа штрајкот
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2013
Стјуардесите на државната компанија „Кроација ерлајнс“ се согласија на намалување на платите од девет отсто, а управата се откажа од постапки против персоналот кој беше на групно боледување во почетокот на мај, по што штрајкот е прекинат.
Стјуардесите го прекинале штрајкот бидејки оцениле дека неговото продолжување за нив би бил контрапродуктивен, бидејќи денеска пристигнала тужба за легалноста на нивниот штрајк.
Со прекинот на штрајкот се создадени можности за нормализација на редот на летање и прекин на растот на штетите кои секојдневно се зголемуваа за милион куни (132.000 евра).
Во договорот за прекин на штрајкот се договорени деталите во кој рок и како ќе се потпише анекс колективниот договор што тогаш ќе се применува и на кабинскиот персонал.