Сто најдобри студенти ќе добијат работа во институции од јавен сектор
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2016 16:30
Владата преку Министерството за информатичко општество и администрација, започна со реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Република Македонија.
За таа цел, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски денес одржа прес конференција каде истакна дека со цел да се воспостави континуирано вработување на најдобрите студенти во институциите на јавниот сектор, изготвен е Предлог закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите, чиј текст ќе се најде во владина процедура веќе во текот на следната недела.
Предлагач на законот е Министерството за информатичко општество и администрација, а како што е предвидено во завршната одредба, неговата примена ќе започне од 1 август 2017 година.
“Секоја година, во месец август, Владата на Република Македонија ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година имаат завршено универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и вториот циклус на студии. Стоте работни места ќе бидат распределени на петте најдобри јавни универзитети во Република Македонија, според последно објавената официјална ранг-листа на високообразовни установи во Република Македонија.”-изјави Муцунски.
При пресметката на бодовите од формалното образование, главен критериум ќе биде просечниот успех со кој кандидатот ги има завршено студиите. Дополнителни бодови ќе носат и освоените меѓународни награди, како и бројот на положени испити на студентот кај професор кој има објавено повеќе од 2 меѓународни трудови во меѓународни списанија од базата на Томсон Ројтерс (Web of science).
“Со цел да се обезбеди застапеност на вработување од сите профили, во постапката за вработување, при распределбата на работните места ќе се води сметка, работните места да бидат распоредени на сите научни подрачја, односно да се вработат најдобрите студенти од различните студиски програми. “- рече Муцунски.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




