19 Декември, 2025
0.0338

СТОЧАРОТ КОЈ ГО НАЈДЕ МРТВОТО БЕБЕ ФРЛЕНО ВО БУНАРОТ: „Не спијам со денови, отидов да извадам вода и се скаменив“

Објавено во: Балкан 17 Август, 2023 14:05

Добивај вести на Viber

„Полициските службеници од Службата за криминалистичка полиција, полициската управа Лика-Сењ завршија обемна и сложена кривична истрага во врска со откривањето на телото на новороденче во областа Перушиќ, кое беше пронајдено на 4 август 2023 година.

Од спроведената кривична истрага е утврдено дека осомничената, 20-годишна хрватска државјанин, сторила кривично дело тешко убиство. Имајќи ја предвид заштитата и благосостојбата на семејството, не можеме да изнесеме повеќе детали од спроведените криминални истраги“, соопштија од полицијата.

Порталот Слободна Лика објави дека во селскиот бунар во местото Прван Село кај Перушиќ е пронајдено тело на новороденче. Било завиткано во црна вреќа и фрлено во бунарот полн со вода. Го пронашол сточар кога дошол да земе вода од бунарот за да си ја напои стоката.

Окружното државно правобранителство во Карловац соопшти дека ја сослушале уапсената жена во понеделникот на 15 август.

Жупаниското државно правобранителство во Карловац, по распитот, му предложило на истражниот судија на Жупанискиот суд во Карловац на осомничената да и се одреди мерка притвор поради ризик од влијание врз сведоци и заради непречен развој на постапката за кривично дело за кое е пропишана долгорочна затворска казна и за кое особено се тешки околностите на делото.

Сточарот Лика кој го пронашол бебето рекол дека е ужаснат.

-Толку сум ужаснат што не знам ни што да кажам. Се што можев и знаев веднаш и кажав на полицијата, која ја повикав. Оттогаш не спијам. Страшно е. Одитов да земам вода, и се скаменив од тоа што го видов. Не можеш да си веруваш на сопствените очи. Немам без зборови. И не би рекол ништо понатаму“, изјави тој за Јутарњи лист.

Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен