Стојанче Ангелов годинава подигнал два кредити од 130 илјади евра, вози автомобил купен на старо
Објавено во: Економија 22 Декември, 2020
Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“, за прв пат стана државен функционер со неговото именување за директор на Центарот за управување со кризи, па според тоа Државната комисија за спречување на корупција за прв пат го објави и неговиот Анкетен лист.
Во имотот на поранешниот полициски генерал стои дека поседува стан од 123 метри квадратни во Скопје, купен во 2019, а со вредност од 7.546.050 денари. Од подвижниот имот, вози опел вектра, произведена во 2006, а купена во 2019 со проценета вредност од 306.750 денари. И сопругата на Ангелов вози автомобил со слична вредност - рено меган, кој го купила годинава а проценет е на 339.900 денари.
Од други приходи, Ангелов пријавил дека месечно прима воен ивалидитет од 19.600 денари, а исто така пријавил дека неговата сопруга добива плата од 49.380 денари месечно. Годинава подигнал кредитна картичка со 130.000 денари.
Кога станува збор за долговите, коалициониот партнер на актуелната власт има два големи кредити. Едниот е од 6.334.500 денари кој треба да го врати во 2040, а другиот е од 1.537.500 денари до 2030 година. И двата ги подигнал оваа година.
Минатиот месец тој беше назначен за раководител на Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19. Ангелов на почетокот на ноември беше именуван за в.д. директор на ЦУК на местото на Агрон Буџаку.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.