28 Септември, 2024
0.0295

Стојанче Ангелов со поддршка за предложената амнестија за 27 април

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, даде јавна поддршка за иницираниот предлог-закон за амнестија за инцидентите во Собранието на 27 април 2017. Иницираниот Предлог-закон за амнестија на учесниците во настаните од 27 април од неколку адвокати е испратен до македонското Собрание.  Тој ги повикува сите пратеници да го изгласаат предлогот.

„Со Законот за амнестија од март 2002 година сите припадници на УЧК кои во 2001-та ја нападнаа дежавата и убиваа македонски војници и полицајци беа амнестирани. Беа амнестирани и оние кои ги убија 8-те бранители во заседата кај Вејце но и оние кои ги убија 10-те македонски бранители во заседата кај Карпалак како и оние кои ги убија 8-те македонски бранители кај Љуботенски Бачила.

Како тоа да беше малку, во 2011 година, со Автентичното толкување на Законот за амнестија македонското Собрание ги амнестираше и оние кои извршија воени злосторства убивајќи 12 невини македонски цивили собрани од улица или од нивните домови. Беа амнестирани и злосторниците кои највулгарно и ѕверски се изживуваа врз киднапираните мавровски работници“, вели Ангелов во дел од обраќањето.

Сега, според директорот на ЦУК, време е за процес на внатрешно помирување помеѓу самите Македонци.

„Еден од најсензитивните настани кој драстично ја зголеми и сеуште ја зголемува нетрпеливоста помеѓу Македонците е и крвавиот 27 април 2017 година, настан кој за малку ќе ја турнеше државата во безумна граѓанска војна. Постоеше опасност да почнат да се убиваат Македонец со Македонец, брат со брат, татко со син, само затоа што припаѓаат на различни политички страни.

Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план.

Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца.

Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април“, смета Ангелов.

Според „Достоинство“, осудените од 27 април не се терористи и не треба да бидат во затвор.

„Додека некои ветерани од УЧК со години се наоѓаат на високи државни позиции, меѓу лицата кои гнијат во затвор осудени за 27 април е и поранешниот началник на полициските специјални единици, храбар бранител од 2001-та.

Како непосреден учесник во воената 2001-ва, како тешко ранет бранител од борбите во Арачиново, јас смогнав сили да си подадам рака со тие кои ме ранија и почнав да работам на процесот на помирување помеѓу Македонците и Албанците, помеѓу бранителите и УЧК.

Затоа, си земам за слобода уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги повикам Македонците но и сите други, да си подадеме рака, да си простиме, да покажаме милост, и сите заедно да продолжиме напред, бидејки кој и да е на власт, Македонија сеуште ја чекаат тешки и неизвесни времиња. А нам бранителите од Достоинство, Македонија ни е се' што имаме!“, додава Ангелов.



Можеби ќе ве интересира

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност