05 Декември, 2025
0.1058

СТОЛБОВИ ЗА ОДБОЈКА ОД НАД 1.600 ЕВРА: Градежна фирма го доби тендерот за спортска опрема и спортска облека за скопските средни училишта

Објавено во: Економија 20 Август, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска стави потпис на две рамковни спогодби со кои се предвидува во рок од една година да се набават спортска опрема и спортска облека, за што ќе се потрошат 20 милиони денари или 325 илјади евра. Најнизок понудувач на тендерот била фирмата „Терракон“ од Скопје, градежна фирма основана во 2019 година. 

За спортска опрема, градот одвојува над 210 илјади евра. Во финансиската понуда, наведено е дека душек за физичко со димензии 200х100 ќе чини над 500 евра, односно 31.624 денари. Семафор за во сала ќе биде платен 900 евра или 55.460 денари, а нешто помалку - 55.404 денари се предвидени за помошна стаклена табла за кош. Табла од плексиглас пак, ќе чини 55.522 денари. Столбовите за одбојка ќе чинат над 1.600 евра, а за скопските средни училишта ќе има и мрежа за одбојка на плажа - за неа предвидената сума е малку над 200 евра.

За спортска облека, односно тренерки, маици и спортски обувки, градот потпишал договор на сума од над 114 илјади евра. Во набавката се предвидени тренерки од Адидас, Пума, Најк и други марки, чија цена варира помеѓу 15.104 денари и 18.880 денари. Спортските маици со „модерен и современ дизајн“ ќе чинат помеѓу 5.310 и 6.490 денари. За патики, сумата се движи помеѓу 15.104 денари и 18.290 денари.

За да се испринта логото на Град Скопје на маиците, горниот дел од тренерките и долниот дел од тренерките, предвидена е сума од 1.180 денари по парче. 

Бидејќи е рамковна спогодба, тендерот може да биде исполнет и за помалку од една година, односно до исполнување на договорената сума. 

Фирмата „Терракон“, чија основна дејност е „Други специјализирани градежни работи“ варирала со добивката низ годините. 2022 година ја има завршено со добивка од безмалку 5.000 евра. Во 2023 година, имале добивка од 74.500 евра, а лани, добивката паднала на 211 евра.

Александар Тодески

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?