Добивај вести на Viber
Германија, во која се собираат луѓе бегајки од војна и сиромаштија, се обидува да ги одвраќа барателите на азил од Балканот – регион кој, сега се смета за безбеден барем од вооружен конфликт, пренесе AFP.
Идеите во моментов се движат од укинување на помошта за бегалците до упатување кон одделни кампови за задржување на бегалци од обесхрабрувачките медиумски кампањи во нивните матични држави против преселувањето во најголемата економија во Европа до уште по екстремни мерки.
Околу половина од 300 илјади барања за азил во Германија од јануари се од регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија.
За првите пет месеци од 2015 година над 32. 000 Косовари пристигнале во Германија, што е повеќе од пристигнатите во земјата од зафатените од војната во Сирија.
"Големиот број на имигранти од овие земји одзема ресурси, со кои ние треба да се погрижиме за луѓето од навистина кризните региони", вели Манфред Шмит, шеф на канцеларијата за миграција и бегалци.
Германија, сега водечка дестинација во Европа за барателите на азил, доживува тешкотии да ги обработи барањата, да ги засолни и нахрани рекордниот број бегалци, кои се очекува да бидат над 500.000 до крајот на годината.
Најчесто од ромско потекло, многу граѓани на Балканот доаѓаат во Германија со надеж за наоѓање на работа и подобар живот - мотивација за која Берлин се труди да посочи дека не може да им обезбеди азил.
Помалку од 0,2% од нивните молби се одобруваат, но тие често чекаат обработката на документите со месеци во бегалските центри, станови, станбени контејнери и дури во шаторски кампови.
Обработка: К.К.
Извор: AFP
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: