Добивај вести на Viber
Во викенди и при екстремно високи температури, во текот на летниот период, се воведува забрана за движење на тешки товарни возила по македонските патишта.
Забраната почнува да важи од вторник, а движењето на камионите со вкупна маса над 15 тони ќе биде забрането секој петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот и во недела од 9 до 22 часот.
Освен ова, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, доколку станува збор за денови со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство.
Изменетиот сообраќаен режим ќе трае до 31 август, но не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
На патниот правец Гостивар-Охрид, пак, режимот е уште поригорозен - камиони потешки од 7,5 тони не смеат да се возат секој петок од 15 до 24 часот, и сабота и недела од 7 до 24 часот.
Во Градот Скопје од 16 јуни започна забраната за движење на тешки товарни возила која важи во текот на денот од 10 до 20 часот, во периодот до 1 септември 2014.