СТОП ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ: Две европски земји воведоа карантин за оние кои не ја примиле вакцината против ковид
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2021 13:14
Чешка и Словачка од денеска им забранија на невакцинираните
лица да посетуваат пабови и други услужни активности, откако одделенијата за
интензивна нега во болниците се
преполнија поради зголемениот број заболени од корона вирусот.
Чешката влада испрати војници да им помогнат на преполните болници, во кои се хоспитализирани повеќе од 700 луѓе на одделенијата за интензивна нега, а во текот на денот Владатаќе разговара за повик за вонредна состојба.
Со новите мерки им е дозволено само на оние кои се вакцинирани или го прележале ковидот во последните шест месеци да посетуваат ресторани, хотели или јавни настани како што се спортски натпревари и културни манифестации.
Според здравствениот сектор, замјата треба да воведе целосен локдаун, како што тоа го стори Австрија.
„Како Лекарска комора повикуваме на итно воведување мерки кои станаа познати како карантин. Апелираме на брзо воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници, социјалните работници и истото го препорачуваме и за образовниот сектор“, изјави шефот на комората Милан Кубек за една чешка телевизија.
Сепак, премиерот во заминување Андреј Бабиш рече дека земјата нема да го следи примерот на Австрија, која повторно воведе целосна блокада.
За подоцна денеска се планирани демонстрации против каква било форма затворање пред Прашкиот замок.
ФОТО: Фактор* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





