06 Декември, 2025
0.1893

Стоп за отказите во Мермерен комбинат, Јанакиески ја спасува градоначалничката функција на Ристески?!

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Отказните решенија во Мермерениот Комбинат- Прилеп,  ја кренале на нозе Владата, со оглед дека доаѓаат во очи на локалните избори, а Прилеп е на врвот на листата на градови на најголема невработеност. Бидејќи ова би можело негативно да се одрази за кандидатурата на градочалникот Марјан Ристески кој важи за еден од сигурните играчи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, високи владини функционери се вклучиле во решавање на проблемот. Менаџментот бил повикан на итна средба со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.   Отказните решенија за 18 вработени во Мермерен Комбинат- Прилеп, и најавата дека компанијата најверојатно ќе подели уште 80-тина дополнителни откази,  ја кренаа на нозе Владата. Извори за Фактор, тврдат дека со оглед на тоа што отказите се делат во очи на локалните избори се барало начин како веднаш да се стопира целиот процес. Прилеп е на врвот на листата на градови со најголема невработеност. Токму поради тоа високи владини претставници заклучиле дека е неопходно да се интервенира, бидејќи бројката од 100 нови невработени, негативно би се одразила врз кандидатурата на градоначалникот Марјан Ристески на локалните избори. Ристески важи за еден од клучните  играчи на ВМРО-ДПМНЕ. Фактор дознава дека за решавање на проблемот, менаџментот на Комбинатот бил повикан на итна средба со високи владини претставници меѓу кои бил Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Според информациите на Фактор, од раководството на Комбинатот било побарано да нема отпуштања во следните шест месеци. Што точно им било ветено за возврат, нема официјална информација, со оглед дека никој не сака да ја потврди ваквата средба. Нашите извори, сепак тврдат дека начелен договор бил постигнат, што би требало наскоро да се ефектуира, со најверојатно враќање на работа на отпуштените и со запирање на постапката за делење на нови откази. Министерот Јанакиески остана недостапен за коментар за средбата. Работниците обвинуваат за реваншизам оти барале повисоки плати Мермерниот Комбинат - Прилеп, подели 18 откази пред неколку дена, а работниците тврдеа дека станува збор за реваншизам на менаџментот бидејќи пред неколку месеци вработените штрајкуваа барајќи повисоки плати. Повисоките палти вработените ги баараа со образложение дека странските газди на фирмата имаат големи приходи во фирмата од експлоатацијата на прилепски бел мермер, за кој имаат концесија. Од Регионалната канцеларија на ССМ пак посочија дека отказите се незаконски, бидејќи во фирмата нема превработеност, а компанијата не ја почуствувала ниту економската криза. Тие обвинуваат дека целта на странските газди, е да се ослободат од вработените, и да ангажираат други работници за кои нема да имаат обврски да им плаќаат придонеси и плати од 300 евра. Менаџметот на Мермерниот комбинат ги тужи Синдикалната организација на компанијата, но, Гранковиот синдикат на ССМ и .бара отштета од 1,5 милиони денари со образложение дека штрајкот пред извесно време не бил легитимен. Комбинатот беше продаден во 2009 година Преку блок-трансакција на Македонската берза во 2009 година Мермерниот комбинат - Прилеп, за 19 милиони евра, го купија холандската фирма „Стоун воркс холдинг“ и два инвестициони фонда од Грција. Се истргуваа 4.143.357 обични акции по цена од 283,07 денари за акција. Истргуваниот број акции претставува 88,4 отсто проценти од главнината на друштвото. Останатите 10 отсто од имотот се во рацете на грчката Пиреус банка, преку која акции во Мермерен Комбинат-Прилеп поседува гркот Илиас Рогопопулос. 1,5 процент од акциите се кај дел од вработените и пензионерите. Мермерниот комбинат - Прилеп е водечки производител и извозник на мермер во Македонија, како и светски лидер во производството на бел мермер. Во Мермерниот комбинат работат 385 лица, а 90 проценти од производството се пласира на странските пазари.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?