12 Декември, 2025
0.0316

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Објавено во: Економија 12 Декември, 2025 15:47

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка.

Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%. АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, АЛТА Група работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со силен стратешки фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.

АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која пак во 2024 година доби награда за најбрзорастечка банка во Република Србија. Миграцијата и усогласувањето со нејзините највисоки стандарди и работење од страна на АЛТА банка АД Битола ќе отвори нови можности за воведување иновативни производи и современи дигитални решенија, како и унапредување на корисничкото искуствои задоволство на клиентите, со целосно почитување на домашните финансиски стандарди и регулативи.

Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, сојузник на локалната економија, а истовремено ќе создава услови за развој и на регионалната соработка.

Она што е особено важно за клиентите и деловните партнери е дека работењето на банката продолжува непречено, со целосно задржување на досегашната стабилност, сигурност и континуитет во услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА Банка.

„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постојни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се во целост заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да се користат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште подобро банкарско искуство“, велат од АЛТА Банка АД Битола.

Можеби ќе ве интересира

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси

ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?

ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?

Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега

Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега

ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“

ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“