Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски
Објавено во: Економија 12 Декември, 2025 12:08
Хартиените потврди за царински долг (платени царински давачки) кои се потребни за упис и промени на правниот субјект стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик, елетронски, ги добива овие податоци од Царинската управа, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено, се овозможува безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што се делува и во насока на сузбивање можни измами.
Ова го соопштија денеска директорите на Царинската управа и Централниот регистар, Бобан Николовски и Анита Стамнова кои на прес-конференција информираа за електронското поврзување на двете институции.
Како што напомена Николовски, досега годишно се издаваа по 7 000 до 9 000 хартиени потврди за царински долг што значеше пет до десет дена обработка на секое барање и административен товар за фирмите и граѓаните низ целата држава.
- Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски. Сега граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка.
Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот - потенцира директорот.
Според Стамнова, ако порано беа потребни неколку дена за добивање на потребните потврди од Царината, како и да се патува од другите градови во Скопје, сега, преку електронско поврзување, потврдите ќе се добиваат за неколку минути.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот
Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување
ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси
ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?
Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега
ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“
Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“
ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време




