„Стопанска банка а.д. Битола“ отпорна на кризата: Третото тромесечие го заокружи со раст
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2016
Стопанска банка ад Битола без сомнение одбивно и удира клоци на кризата и трупа позитивен раст на добивката.
Во првите девет месеци годинава оваа банка прокнижи добивка од 2,29 милиони денари.
Од објавените финансиски резултати на сајтот на Македонска берза можеме да забележиме стабилно и профитабилно работење на банката.
Податоците покажуваат дека нето-приходите од каматите споредбено со првите девет месеци во 2015, годинава се зголемиле за 16,72% или 31,99 милиони денари.
Од провизии и надоместоци се остварени 5,14 милиони денари.
Од реализирани капитални добивки од продажба на преземениот имот и приходи од хартии од вредност (дивиденди) Стопанска банка ад Битола се пофали со приходи во првите три квартали од 34,52 милиони денари.
Од оваа банка на крајот на финансискиот извештај посочуваат дека ќе продолжат да бидат фокусирани на уште подобро кредитно портфолио и стабилен раст на приходни позиции понудувајќи им на клиентите иновативни и конкурентни производи и услуги што во целост ќе одговараат на нивните потреби.