РОМАНИЈА НА МАКА: Странски работници доаѓаат, ама бегаат
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2025
Работници доаѓаат во Романија, но бегаат оттаму.
На 100.000 луѓе од држави кои не се членки на Европската Унија(ЕУ) во последните години годишно им се дава право на работа во Романија, но голем дел од нив не остануваат трајно во земјата.
Во 2025 година Романија повторно ќе издаде работни дозволи за 100.000 странски работници. Исто толку биле ангажирани и минатата година, но околу 65.000 од нив си заминале.
Претставничката на платформата за регрутирање работна сила, Ана Калугару, коментира дека многу азиски баратели на работа ја гледаат Романија само како транзитна точка кон другите земји во Западна Европа. Калугару вели дека друго објаснување е неуспешната интеграција на пазарот на трудот.
Во текот на изминатите четири години, Романија дозволи 350.000 работници кои не се членки на ЕУ да влезат на нејзиниот пазар на труд. На крајот на 2024 година записите покажуваат дека од нив останале 150.000. И од Македонија многу странски работници избегаа. Истото се случувало и во Босна, а повремено и во Хрватска.