19 Декември, 2025
0.0752

Стопанска ја зголеми добивката и доби нов генерален директор

Објавено во: Економија 22 Мај, 2013 14:16

Добивај вести на Viber

На редовното Годишно Собрание на акционери на Стопанска банка АД – Скопје се донесени одлуките поврзани со резултатите од 2012 година. од банката информираат дека е потврдена добивката по оданочување остварена во 2012 година  во износ од 12,9 милиони евра, која е за 26% повеќе во споредба со минатата година. Банката ја потврди својата водечка позиција во банкарскиот сектор во Република Македонија како најпрофитабилна и највисококапитализирана банка, со зголемена депозитна база и кредитно портфолио и со високо ниво на квалитет на кредити. Собранието на акционери одлучило да ја задржи целокупната добивка од 2012 година, со што ќе придонесе за натамошно јакнење на капиталната база и потенцијалот за раст на Банката. Треба да се напомене и дека од приватизацијата наваму целата добивка на Банката се задржува во Банката и се реинвестира во домашната економија.

 Банката го објавува именувањето на г-динот Диомидис Николетопулос, сегашен  Заменик Генерален Директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности и член на Управниот одбор, како Генерален Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор. Понатаму, г-ѓа Милица Чапаровска, во моментов Директор на Сектор за управување со производи и еден од најискусните директори во Банката, ќе биде именувана за член на Управниот одбор, по добивањето на потребните согласности од Народната банка на Република Македонија. Со наведените именувања, Управниот одбор ќе се состои од четири членови: г-дин Диомидис Николетопулос како Претседател, г-дин Тони Стојановски, г-дин Теодоулос Скордис иг-ѓа Милица Чапаровска. Со новиот состав на Управниот одбор, кој исклучиво го сочинуваат менаџери кои дале свој придонес и се со долгогодишна кариера во Банката, од СБ соопштуваат дека ќе продолжат да бидат успешна како и досега и ќе остане еден од клучните столбови на економскиот и севкупниот развој на земјата преку кредитна поддршка за компаниите и граѓаните, истовремено обезбедувајќи сигурност дека средствата што депонентите и акционерите ги довериле на Банката се најдобро искористени.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар