Стопанската комора и Creative Hub го носат Google во Македонија
Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2025 09:16
На 13 октомври 2025 година (понеделник), Стопанската комора на Македонија и Creative Hub Академија – македонска компанија со седиште во Мајами, Скопје и Приштина – ќе ја одржат конференцијата “Expand to US & AI”.
Главни гости на конференцијата, по покана на Аријана Коскарова, македонски претприемач која живее и работи во Мајами и е основач на Creative Hub Академија, се:
- Ренато Гаро, Директор за технологија во Google
- Кит Карсвел, Директор за економски развој и иновации во Град Мајами (САД)
Настанот ќе го отвори г. Бранко Азески, Претседател
на Стопанската комора на Македонија.
Програмата ќе вклучи практични совети за тоа како македонските компании можат
најбрзо и најуспешно да отворат и развијат бизнис во САД, како и презентација
од Google за тоа како да се применува вештачката интелигенција за
автоматизација и раст на бизнисот.
Ова е втор заеднички настан на Creative Hub и Стопанската комора, по Балканскиот Претприемачки Самит во 2019 година, на кој присуствуваа голем број бизнисмени од земјата и странство.
* Билетите се ограничени – достапни се само 40 карти.
- Стандарден билет: 59 €
- ВИП билет: 159 € (вклучува ВИП вечера и дружење со гостите)
* Купи карти тука: creativehub.mk/ai-conference
* Датум:
13.10.2025
*
Локација: Скопје
*
Време: 09:00 часот
Ексклузивно по конференцијата ќе се одржи четиричасовниот
курс “AI for Executives” со Renatto Garro (Google CTO), наменет
за менаџери и основачи кои сакаат да развијат ефективна AI стратегија во своите
компании.
* Цена: 500 € — ограничено на само 10 учесници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





