16 Мај, 2024
0.0406

Стопанските комори со нови предлог-мерки за земјоделскиот сектор

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Четирите стопански комори испратија официјален допис до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да се поттикне дискусијата и решавањето на проблемите кои ги засегаат микро, малите и средните претпријатија од земјоделскиот бизнис сектор. Воедно, копија од целосниот допис беше доставена и до кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Преку овие активности стопанските комори повикуваат на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики кои ја засегаат бизнис заедницата, со цел да се избегнат непоправливите штети кои би можеле да му се нанесат на македонското стопанство како резултат на законските решенија во кои не се земени предвид сите релевантни фактори.

Во прилог ви ги доставуваме идентификуваните проблеми и предлог решенија како заеднички став на четирите стопански комори:

1.Укинување на скалестиот систем на финансиска поддршка (субвенционирање) во земјоделството.

2.Предлози за измена на Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;

3.Информација за подобрување на конкурентноста на македонското земјоделско производство;

Изминатиот период четирите стопански комори организираа низа информативни настани и форум дискусии во повеќе градови низ државата. Целта на овие настани е да се слушне гласот на бизнис заедницата и да се даде можност за идентификување на најчестите проблеми од бизнис регулативата кои ги засегаат микро, малите и средните претпријатија. На овие настани учество земаа голем број компании од повеќе сектори, што јасно говори за потребата на бизнис заедницата за иницирање на клучни промени кои ќе овозможат постабилен и ефективен развој на домашната бизнис сцена.

Овие активности се дел од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, финансиран од страна на УСАИД, а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“