Странците навалија на Хрватска, што се бара и кој купува недвижен имот?
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2013 08:15
Според официјалните податоци од 2010-та, 5445 странски државјани се стекнале со имот, за во 2011-та бројката да падне на 5.087. Купувањето на недвижен имот од странски државјани секако го прати негативниот тренд во хрватскиот пазар на недвижности, така што според непотполните податоци на Даночната Управа, во споредба со 2011-та, во 2012-та има за 35% помалку купопродажби од странски државјани.
Сепак, посочуваат познавачите на состојбите, мора да се има во предвид овие податоци се однесуваат само на странските купувачи кои според принципот на реципроцитет стекнале сопственост на недвижен имот во Хрватска. Статистика не ги опфаќа странските државјани, кои за стекнување на недвижен имот во Хрватска, ја користат "дупката" која им овозможува имотот да го купат на име на фирмата регистрирана во Хрватска, па така да се избегнат правните бариери и трошоците за данок на недвижен имот.
Словенците први на листата
Според податоците од даночната администрација, најмногу недвижен имот во Хрватска во последните три години, вкупно 13 883 имоти купиле државјани на Словенија - дури 40,86% од вкупната бројка. По нив следат Германците и Италијанците со 12,66% односно 11,34% од вкупната продажба.
Интерес за инвестирање во недвижен имот во Хрватска има за деловни и туристички објекти, но исто така и за изградба на апартмани и станбен простор. Странските државјани, исто како и домашните купувачи бараат поволни имоти на атрактивна локација. Локацијата е најважна, независно од тоа дали станува збор за земјиште, постоечки објект или постар дом на кој му треба целосна реконструкција. Но, исто така многу е важно и цената да е реална, па купувачите вработуваат специјални консултанти да го анализираат до детали пазарот, локацијата, околностите, можностите.
Во зависност од целта на купувањето недвижен имот, постојат два типа на имот купувачите, велат познавачите. Едната група се странските државјани кои купуваат за инвестирање. Тие бараат помош од агенциите и главно купуваат имоти во крајбрежните области со туристичкиот потенцијал за станови и деловни простории во центарот на големите градови. Втората група пак, се странците кои сакаат нов дом, па тие честопати сами шетаат низ Хрватска додека не ја најдат својата идеална локација.
Најголем број од странците купуваат на брегот, главно куќи и вили во Дубровник, Сплит, Опатија, на островите. Истра е синоним за луксуз и елитен туризам, па овде интерес за купување на недвижен имот покажуваат Русите, Британците, Италијанците и Словенците. Општо земено, посочуваат од Агенциите за недвижности, странците главно бараат луксузни вили, на прв ред до морето, на пространи парцели со неверојатен поглед на зеленилото, со базен, тениски терени и други погодности. Освен од брегот, атрактивен за странците е и Загреб како главен град, политички, финансиски и трговски центар, и тоа најмногу кога треба да купува канцелариски простор.
Со оглед дека повеќето странски државјани купуваат недвижности на брегот, Хрватска се натпреварува со земјите со медитеранска клима. Голем ривал е Шпанија каде што цените поради кризата доживеаја голем пад на цените. Апсолутен хит на пазарот е црногорскиот брег, и се поотворените Црногорци кон привлекување инвестиции и странски државјани.
J.J.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





