19 Декември, 2025
0.0412

СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Бегство од македонскиот бизнис рај!

Објавено во: Економија 02 Мај, 2016 08:18

Добивај вести на Viber

Салдото на странски директни инвестиции во првите два месеци од годинава изнесува 34,2 милиони евра. Според податоците од Народната банка во февруари во земјава влегле 32,6 милиони евра странски директни инвестиции (СДИ), за разлика од јануари кога овој износ беше само 1,6 милиони евра. Но споредено со првите два месеци од ланската година, оваа година во истиот период нивото на странски директни инвестиции е помало за 11,3 милиони евра. Економистите посочуваат дека во услови на политичка криза очекувано е да има пад на странските директни инвестиции.

-Сосема очекувано, во услови на политичка криза, не само што нема нови странски инвеститори, туку и постојните веројатно размислуваат како да побегнат. Нема таков инвеститор кој ќе го вложи својот капитал во земја која се соочува со политички ризик, и тоа не може да го предомислат никакви поволности за инвестирање. Дека е тоа така, покажуваат и податоците за растот на странските инвестиции, скоро во сите околни земји. За инвеститорот не се најбитни даночните поволности, туку сигурноста на капиталот и нивото на постојаност на законската регулатива, вели универзитетскиот професор Сами Бислими.

Ако се анализираат последните три години, нивото на СДИ се намалува. Така во 2013 година во земјава влегле 252 милиони евра, следната 2014 година СДИ изнесуваат 205 милиони евра, а лани 157 милиони евра.

-Падот почнува некаде од половината на претходната година. Инаку од 2011-та година има пад од година во година. Всушност не е ниту за изненадување намалувањето на странските директни инвестиции. Од кога почнаа бомбите, владејачката партија требаше веднаш да направи промени во раководството. Наместо тоа, тие почнаа да се вплеткуваат во замки.Прво се вадеа на странски служби, па потоа снимките беа неовластени, па беше виновна опозицијата.Кој инвеститор ќе сака да инвестира во хаотична ситуација и во поглед на законите и во поглед на продуктивноста на луѓето ако најпродуктивните граѓани се на улиците протестираат или се во домовите загрижен за ситуацијата? Парадоксално е што една партија е на власт 10 години, а сите овие години им е крива опозицијата.Сите тие конфликтни ситуации, нејасни пораки што се праќаат за деловната клима, сето тоа влијае на сите инвеститори вклучително и на странските инвеститори кои бараат политичка стабилност. Тоа се сигнали за странските инвестиции да ги намалат постоечките инвестиции или да не инвестираат, вели Венко Глигоров,стопанственик.

Според универзитетскиот професор Бислими, ако намалувањето на странските директни инвестиции продолжи и во следниот период, тоа ќе има негативни последици и врз финансиската сметка на државата.

-Мене не ме загрижува износот на странските инвестиции, како некаков нов производен потенцијал (и така користа на домашната економија од нив е скоро незначителна), туку пред се, негативните импликации од намалувањето на странските инвестиции врз финансиската сметка, а со тоа и врз состојбата на платниот биланс на земјата. И покрај уверувањето на гувернерот на НБРМ дека позициите на Платниот биланс се солидни, доколку продолжи политичката криза, може да дојде до влошување на позициите на платниот биланс најмалку по три основи: намалување на надворешната трговската активност, посебно на ивозот, со што би дошло до зголемување на дефицитот во тековната сметка, потоа намалување на нето приливот по основ на тековни трансфери и намалување на приливот по основ на донации и друг вид на помош. Дефицитот во тековната сметка, од една страна, како и намалениот прилив по основ на странски инвестиции (финансиската сметка) неминовно на крајот на годината ќе мора да се покрие, со дополнително задолжување или со средства од девизните резерви, во спротивно може да се доведе во прашање солвентноста на домашната економија. Да се надеваме дека, проценките на монетарната власт се точни, и дека се ќе се одвива во најдобар ред, но ќе видиме, вели Бислими.

Странските инвеститори добиваат низа поволности во земјава, од разни даночни олеснувања до државна помош.Но и по осум години институционална тајна остана која странска компанија колку државни субвенции добила.Едно од истражувањата на Центарот за економски анализи покажа дека едно работно место во периодот од 2007 година до 2014 година ја чини државата 21 000 евра.

Клучниот адут на Владата за моделот за привлекување на странските инвестиции е дека ќе се зголеми вработеноста и растот на економијата. Податоците од НБРМ покажуваат дека последните три години се намалува учеството на странските инвестиции во бруто-домашниот производ. Така ако во 2013 година учеството на странските директни инвестиции во БДП било 2,8 проценти , лани тоа изнесувало 1,9 проценти.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар