19 Декември, 2025
0.0552

СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Молк за ниските плати на вработените!

Објавено во: Економија 22 Јули, 2016 08:08

Добивај вести на Viber

Американската компанија Гентерм вчера во ТИРЗ Прилеп и официјално ги отвори прозводствените погони. Во фабриката ќе  се произведуваат автомобилски компоненти за светските бренодви Mercedes, BMW, Volkswagen, Ford, Fiat. Инвестицјата е вредна 26 милиони евра, а за почеток ќе се вработат над 400 луѓе. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски најави дека бројот на вработени ќе достигне 2.000 луѓе. Груевски на својот фејспук профил напиша дека фокусот на неговата партија и натаму остануваат новите вработувања. Но освен бројката за работни места, на вчерашното официјално отворање на фабриката, немаше информација дали менаџментот на Гентерм ќе го исполни ветувањето од минатата година, според кое треба да ги врати на работа 150-те работници на кои во декември лани иако фабриката не беше изградена, им беа раскинати договорите и покрај тоа што поминаа обука во Украина и имале ветување од менаџментот дека ќе добијат постојано вработување. Поточно уште пред да се отворат погоните тие беа пратени на обуки во Украина, но откако поминале три месеци од обуката, договорите не им биле продолжени со образложение од менаџментот дека фабриката сеуште не е изградена и нема производство. Тогаш од Гентерм Македонија ДООЕЛ , соопштија дека работниот однос на овие 150 работници не е продолжен оти сеуште не е завршена изградбата на фабриката и не се склучени договорите со купувачите. Од компанијата тврдеа дека работниците биле информирани и дека ќе бидат вратени назад на работа и тоа со приоритет број 1 поради поминатите обуки, во оној момент кога фабриката ќе биде изградена и кога ќе почне со работа. Од менаџментот тогаш најавија дека компанијата ќе почне со работа во јуни годинава. И тогаш, поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека во оваа фабрика ќе се отворат 2.000 работни места. Платите се држат во тајност Жителите од прилепскиот регион коментираат дека е добро што се отвораат работни места, но порачуваат дека и платите треба да бидат на задоволително ниво. Но освен лицитацијата со бројките за нови работни места, нема одговор на прашањето колку ќе бидат платени вработните во Гентерм. Според дел од истражувањата платите на вработените во десеттина странски компании во земјава изнеуваат околу 260 евра. Недоамна и од Советот на странски инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Но посочуваат дека ако се направи споредба исклучиво со секторите кои се застапени во зоните, како автомобилската и компјутерската индустрија, отстапувањето од фирмите надвор од зоните е минимално. Од Здружението на млади истражувачи (ЗМАИ) наведуваат  дека просечната месечна нето-плата на вработените во компаниите во зоните во 2014 година изнесувала 19.981 денар, наспроти 22.696 денари во 2013 година, потенцирајќи дека во овие плати се вклучени и менаџерските плати. Според податоците од финансиските извештаи за работењето на компаниите, највисоки плати има во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс, компанија која најави затворање на погонот во Македонија до крајот на годинава. Просечната плата на вработените во овие две компании била нешто повеќе од 30.000 денари, но и тука се вклучени платите на менаџерите. Од Советот на странски инвеститори посочуваат дека нивните анализи покажале оти платите на вработените во зоните се незначително пониски од платите во домашните компании, но споредбата е направена само со истите сектори. Па така нето-платата на ниво на Македонија во индустриите кои што ги земале за споредба изнесувала 17.555 денари во домашните компании, додека во зоните е 16.143 денари. Но, за разлика од домашните компании кои не добиваат државна помош, странските инвеститори добиваат низа бенефиции од државата. Тие се ослободени од разни даночни, царински и комунални давачки, дополнително добиваат и субвенции од државата. И со овие осолобудувања компаниите во зоните даваат пониски плати од домашните компании. Но и по осум години институционална тајна остана која странска компанија колку државни субвенции добила. Економистите посочуваат дека властите мора да водат сметка и да следат дали странските компании ги исполнуваат ветувањата, бидејќи добиваат државна помош од народни пари. -Државата е должна да проверува дали странските компании што имаат преференцијален статус на инвеститори во слободните зони ги исполнуваат обврските во поглед на големината на инвестицијата или бројот на отворени работни места, бидејќи врз основа на тоа тие добиваат субвенции, односно државна помош. Доколку странските компании не ги исполниле обврските мора да бидат санкционирани или во најмала рака да бидат условени да ја добијат државната помош откако ќе се утврди дека ги оствариле ветувањата, вели академикот Абдулменаф Беџети. Едно од истражувањата на Центарот за економски анализи покажа дека едно работно место во зоните во периодот од 2007 до 2014 години ја чини државата 21.000 евра. Истото истражување покажува дека седум странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош од 56 милиони евра. -Од сите  ослободувања, субвенции или поволности за странските инвеститиори ние како земја добиваме само големи трошоци за нивното доаѓање, додека пак за возврат добиваме вработувања со ниски плата. Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извозот од околу 70 %, но од тој износ  странските компании кои ја менуваат  и струтурата и волуменот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично, вели претседателот на  Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа. Во еден од извештаите Меѓународниот монетарен фонд нотираше дека мерките кои ги нудат македонските власти за странските инвеститори, истите не ги нудат и за домашните инвеститори, при тоа укажувајќи дека високата стапка на сива економија и тешкиот пристап до финансиите се главните пречки со кои се соочуваат домашните компании од приватниот сектор при водењето на бизнисот во споредба со регионот. Кои странски компании лани добиле државна помош? Според податоците од последниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренција, меѓу 13-те странски компании кои лани добиле државна помош се Џонсон Мети, Ки Сејфти Систем, Техникал Текстајлс,  Гентерм, Макдиа, Кранфилд Фаундри, Леар Цорпоратион, ОДВ Електорникс, Вистеон Електороникс, Јуроп Шок Абсорберс, М Скуаре Балкан Лимитед, Кондево МК Скопје. Инаку државна помош се доделувала преку кабинетите на министрите без ресор, Бил Павлески, Веле Самак и Џери Наумов, ТИРЗ со која раководи Виктор Мизо, и преку Агенцијата за странски инвестиции и прпмоција на извозот. А Комисијата за заштита на конкуренцијата одлуки за доделување државни субвенции за странските инвеститори носела во текот на целата година, па дури и на 31 декември. Податоците од извештајот покажуваат дека лани и компанијата Вистеон Електорникс добила субвенции во истиоет период кога менаџментот на компанијата најави дека до крајот на оваа година ќе го затвори погонот и ќе си замине од земјава. Клучниот адут на Владата за моделот за привлекување на странските инвестиции е дека ќе се зголеми вработеноста и растот на економијата. Последните податоци од Нардоната банка покажуваат дека учеството на странските инвестиции во бруто-домашниот производ во првиот квартал од годинава е минусно односно изнесува -2,9 отсто. Во првите четери месеци од годинава во земјава влегле 96,7 милиони евра странски инвестиции или два милиони евра помалку од истиот период лани. Т.С    

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар