05 Декември, 2025
0.0306

Странски компании заинтересирани за железничката пруга Куманово-Бељаковце

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2013 14:46

Добивај вести на Viber

Осум странски компании доставија понуди на тендерот за рехабилитација на железничката пруга од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри.

Овој проект треба да се реализира со обезбедените  45,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Од пријавените 16 компании на тендерот, осум доставија понуди.

Меѓу компаниите има по две од Грција и Австрија, и по една од Германија, Кина, Чешка и Турција. Од Грција понуди доставија „Актор“ и „Терна“, од Австрија „Штрабаг“ и „Пор“, од Германија „Вибер“, од Кина „Синохидро“, од Чешка „Субтера и од Турција „Ацилим“.

Највисока цена без попуст има понудено турската компанија Ацилим (58.319.595), а најниска германската „Вибер“ чија цена на понудата без попуст е 41.441.469. Можен попуст на понудената цена понудија „Вибер“ од 1.687.850 евра, кинеската „Синохидро“ 2 до 3 проценти на вкупната цена и „Сутера“ од Чешка која понуди три отсто попуст.

По денешното отворање на понудите следува периодот на евалуација по што се очекува да биде избран најповолниот понудувач со кој до крајот на годината ќе биде потпишан договорот.

Реновирањето на овој дел од железничката пруга, која е дел од Коридорот 8, ќе опфати поставување нови шини и прагови, изработка на осум моста од кои најголемиот ќе биде со должина од 120 метри, изградба на три станици и три објекти за сместување на постројките за регулирање на сообраќајот.

Ова е првата од вкупно трите делници за изградба на источниот дел на Коридорот 8 и железничкото поврзување со Република Бугарија. За останатите две делници од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 36 километри и од Крива Паланка до Деве Баир во должина од 23 километри, се изготвува техничката документација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите