27 Јули, 2024
0.0292

Странските пензионери патуваат, а македонските се мачат да преживеат

Објавено во: Економија 16 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Ако погледнеме статистички податоци од Евростат, шведските пензионери најмногу патуваат, но слични навики имаат и пензионерите од Данска, Холандија, Франција, што не е случај со македонските пензионери кои драстично помалку шетаат.


Се наведува дека луѓето над 65 години во Европа практикуваат подолги патувања, затоа што по пензионирањето имаат слободно време. Македонските пензионери обично патуваат организирано и тоа најчесто на домашен терен.

„Ние имаме годишна програма за екскурзии, пролетни и есенски. Пензионерите по симболична цена посетуваат места во Македонија, манастири, излетнички места. Ние сме за зголемување на стандардот на пензионерите, но тоа да биде реално, издржано и да се направи по институционален пат“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери Битола.

Од туристичките агенции објаснуваат дека македонските пензионери за одмор обично ја бираат соседна Грција, дел Албанија, но тешко можат да си дозволат посета на некои поскапи и поегзотични, подалечни дестинации.

Сведоци сме дека и во македонските туристички центри исто така доаѓаат странски групи со повозрасни граѓани кои ги истражуваат убавините на земјава.

Jaс работам со Италијанци, Американци и Азијати, значи Тајванци, Јапонци и тоа се луѓе на возраст од 60 па до 90 години. Патувањето е дел од нивниот начин на живот, тие патуваат по двапати годишно, и да напоменам дека тоа не се богати луѓе, туку во нивната земја припаѓаат на средна или сиромашна класа, но можат да си дозволат да патуваат во поевтини земји како нашата и тоа не го сметаат за луксуз. Доаѓаат во групи од по 30 луѓе, а многу од нив имаат и живи родители, па се слушаат по телефон со нив, витални се. Богатите пензионери од нивните земји поседуваат вили во Шпанија, Италија и си одат таму. Кај нас пензионерите се истрошени од работа и стресови“, вели Катерина Василеска, туристички водич од Охрид со 20 години искуство зад себе.

Стевче Доневски, туристички водич од Кратово и сопственик на Етно куќа Шанчева вели дека во август и септември има гости од странство и тоа од повозрасната група. Според него, Холанѓаните доста патуваат во пензионерските денови за да запознаат различни држави и култури.

„Имам гости кои остануваат по 2, 3, 4 или 5 дена и тоа се повозрасни луѓе од Белгија, Полска, Чешка, Холандија. Сакаат да уживаат во природата, уживаат во добро вино, мед, сирење, одат до Лесново, Куклица. Еден Холанѓанин, кој по професија е музиколог и бил во Кратово пред 30 години, сега пак е тука. Кај домашните туристи кога се организираат групи фали дисциплина и ред, да има прецизна агенда“, рече Доневски.

Македонските пензионери бараат зголемување на пензиите, за да имаат достоинствен живот. Тие протестираа и бараат линеарно зголемување од 3.500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата. Министерството за труд и социјална политика(МТСП) ќе ги разгледа сите барања на пензионерите и заедно и во дијалог со Сојузот на пензионери ќе ги креира понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии. Голем број македонски пензионери месецот го поминуваат со помалку од 14.000 денари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/onemtask

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми