Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната, вели Лагард
Објавено во: Економија 23 Август, 2025 22:04
Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска изјави дека приливот на странски работници ја поттикнал економијата во еврозоната во изминатите години и оти тие помогнале да се компензираат пократкото работно време и пониските реални плати.
Таа, на годишниот симпозиум на американските Федерални резерви (ФЕД), што се одржува во Џексон Хол, во американската сојузна држава Вајоминг, посочи дека миграцијата во Европска Унија довела до рекорден број на жители во Унијата и покрај негативниот природен раст, но дека владите на земјите-членки на ЕУ ги ограничуваат новите пристигнувања поради незадоволството на населението на тие земји.
Лагард потенцира дека растот на бројот на работници во еврозоната ја поддржа економијата во ЕУ и покрај трендот за намалување на бројот на работни часови и пад на животниот стандард во некои области.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





